Среда, 06 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО ПАРИЗ – ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА, ЉУБОВТА, УБАВИНАТА, СПОРТОТ... (7)

1234

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Франција, е демократска држава која се простира во Западна Европа. По површина e најголема во Европската унија, а по бројот на население е на второ место Земјата е составена од збир на прекуморски острови и територии лоцирани на други континенти. Таа се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите острови, исто така, се граничи и со Бразил и со Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), со Антилите (во делот на Сен-Мартен) е поврзана со Британија преку Ламанш.

Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседател- ска република. Таа е развиена нација чија современа економија е петта по големина во светот. Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.

Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители. Франција е една од земјите основачи на Европската унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН. Таа припаѓа на еврозоната и на шенгензоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за соработка и економски развој (OCDE). Како воена сила, ја поседува главната војска во Европската унија и е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.

Доколку не ви се вкрстат патиштата во преубавиот Париз, кој не случајно е обележан со предзнакот „Град на светлината“ исто како да не сте ја виделе Европа. Многу песни, опе ри, драми, посвети, ремек-дела, многу воздишки се создале за Париз и останале во него..

... „Париз е главата на Земјината топка, мозок кој пука од генијалност и ја предводи човечката цивили-зација, великан, уметник кој непрекинато твори, далекувиден водител кој мора да има бразди во мозокот, пороци на голем човек, мечти на уметник и рамнодушност на политичар“.

Ова го рекол и го запишал големиот Балзак, кој целиот свој живот го поминал во овој прекрасен град на верата, надежта и љубовта. А парижаните за својот град велат дека е центар на светот. Ако им забележите дека тоа звучи тенденциозно, бидејќи многу велегради во светот се користат со тој пиетет, ќе ви дадат сосем логичен одговор. Доколку сакате да патувате од која било земја во светот во некоја друга, на друг крај, убаво е да минете низ дванаесетмилионскиот Париз.

И не само тоа, на кого не му е желба да го види градот на соништата; градот кој е далеку од морето, а на грбот има едрилица која потсетува дека трговијата се одвива само по воден пат. Париз како да е рожба на реката Сена, на чиј остров е изградена галска та населба Лутеција, која се споменува во 52 година пред Исуса Христа, кога ја освоиле Римјаните, и која со векови се шири за да биде најпозната како метропола на светлината.

Времето кога го посетивме Париз (министерот во Владата на Република Македонија, Владо Наумовски, митрополитот Горазд, надлежен за Европската епархија на Македонската православна црква и авторот на овие редови како заменик-претседател на Комисијата за односи со верските заедници) беше во зима. Тогаш Македонците во француската престолнина со низа пригодни манифестации достојно ги одбележуваа петте години од формирањето на првиот македонски светиклиментов духовен храм во оваа земја, Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“.

Временски скромно врамен јубилеј, но многу значаен по својата духовна, национална и афирмативна мисија и по амбициозните најави на неговите втемелувачи и ентузијасти, кои остварувале активности речиси на сите полиња. Тие не пропуштаат, а да не го одбележат секој позначаен настан од историјата на Македонија, на македонскиот народ и Црквата.

Така, 8 декември, патрониот празник на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во оваа европска метропола се прослави достоинствено и мошне оригинално. А одбележувањето на петте лета на оваа национална духовна и културна македонска асоцијација во Париз беше можност да се проговори за дотогашното работење и бележито дејствување, кое со оглед на околностите и низата лимитирачки фактори, си трасирало свои патеки и обезбедило свое место во еден таков мегаполис каков што е Париз.

Прославата и овој пат беше фокусирана на афирма-цијата на националните и ду- ховните вредности. Вредните домаќини од Управниот одбор на Македонската пра вославна црковна општина „Свети Климент Охридски“, вложиле големи усилби и понудија ефектни содржини кои побудија видлив интерес кај многуте присутни меѓу кои имаше и Французи и други националности.

Во Париз бевме сместени во хотелот „Холидеј ин“, кој се наоѓа на стотина метри од Ајфеловата кула и реката Сена. А „Дамата на Париз“, како што обично се нарекува кулата на инженер Ајфел, била изградена во 1889 година по повод Париската светска изложба. Иако оттогаш минало многу време Ајфеловата кула не загубила ништо од својот шарм, од своето техничко значење и од сопствената симболика. Напротив, во текот на сите овие години со старите лифтови до пространите платформи на челичниот џин се искачиле милиони луѓе.

12345

Париз – градот на светлината, љубовта

Без Ајфеловата кула Париз и не може да се замисли. Ајфеловата кула му припаѓа на Париз. Таа е негов бренд, негова атракција и знак. Понекаде сè уште се слушаат протести дека таа ја загрозува сликата на градот. Позната е онаа анегдота за човекот кој не можел да ја поднесе Ајфеловата кула и, само затоа, секој ден се качувал на неа зашто кулата е единственото место во Париз од кое не се гледа Ајфеловата кула.

„Дамата на Париз“ станува објект на литературата и на уметноста. За „смешната креатура која предизвикува бесознание“ не се говори, туку се зборува, пред сè, за еден вид трогателна завист од овој сведок на создавањето на железниот период кој и‘ припаѓа на сликата на градот Париз, иако во ерата на атомската физика и на вселенските патувања веќе не претставува никаква техничка сензација.

Во центарот на Париз крај старите убави зданија, Французите изградиле и по нешто ново, каков што е Културниот центар на Париз. Таа огромна зграда, висока колку десет катница и сместена на простор колку неколку фудбалски игралишта, по сè има чуден об лик. Целата е изградена од стакло и од некакви огромни разнобојни цевки, сите во живописни бои. Низ внатрешноста на зградата се движат разни скали - ескалатори, и тоа во разни правци, пренатоварени со народ

Продолжува

 1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.