Среда, 16 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Обичаи и верувања од Скопје

zacnuvanje

 

За човекот
Зачнување.

а) Луѓето во Скопје веруваат дека дете што ќе се зачне спроти празничен или посен ден задолжително се раѓало телесно сакато (недугаво) или пак не можело да биде среќно преку целиот свој живот, или ќе му се случи некаква телесна несреќа. (Не само во Скопје туку и во Охрид и во други места низ Македонија живее истото верување).

б) Исто така се верува дека децата на родители кои го злоупотребувале своето влијание и ги мачеле сиромасите или го изеле имотот на сиромаси, на вдовици или сирачиња или на цркви итн . ќе бидат несреќни во текот на целиот свој живот, ако не тие самите, тогаш сигурни нивните деца или внуци.

2.Трудност

а) Се верува дека ако некоја трудна жена украде нешто, нејзиното дете ќе го носи знакот на тој предмет на лицето или на друго место на телото каде што се фатила мајка му за прв пат откако је извршила кражбата.

б) Се смета за грев ако некој сретне трудна жена и да не и даде од тоа нешто што носел за јадење. Но ако тоа што го носи не  се јаде, но може да го привлече вниманието на трудната за грев се смета ако не го скрие од нејзиниот поглед тоа што го носи.

3. Раѓање.

а) Во просторијата на родилката цели 40 дена по цела ноќ гори свеќа за да не ја фаќа имала.  (Насекаде во Македонија се верува во имала, хунапи, во Охрид.)

б) Кога некоја пријателка ќе разбере веднаш и донесува или и испраќа едно ќесе посна супа со фиде и обелени и толчени мигдали и една глава кромид за да и дојде млеко, а потоа до 4-тиот ден доаѓаат да ја посетат, така да се рече официјално, и во една голема чинија и носат мафиши - ако се мрси, или тиганици - ако е посно време. Тогаш и на детето му носат подароци и пари.

в) На третата вечер од раѓањето во куќата на родилката доаѓаат сите роднини и бабата со разни слатки и со храна; таму вечераат и седат при што разговараат тихо до полноќ, за да ги пресретнат трите наречници кои му ја определуваат иднината на детето. Оној од присутните што е праведен можел да ги слушне што ќе говорат тогаш наречниците, за кои впрочем гостите говорат пофално зџа да ги смилостиват.

г) До 40-тиот ден откако ќе се стемни ништо од куќата на родилката не даваат на соседите ниту пак дозволуваат соседите да дојдат да земат оган или да запалат свеќи, зашто со тоа можело да се загуби млекото на родилката. Исто така по перење не ги оставаат надвор пелените од детето да стојат спрострени во дворот зашто од тоа детето можело да се оградиса.

д. На родилката и на детето закачуваат по едно чешне лук или сини муниста за да вардат од урочување.

е.) На детето преку втората и третата година  за прв пат земаат му коси т.е. го потстрижуваат и притоа се прави цела гозба и веселба. Кумот е тој што го потстригува. Оттогаш веќе се смеата дека детето влегува во втора возраст и дека е избавено од сите детски болести.

ж.) Кога некое дете ќе се разболи од некоја тешка болест или од некои надворштини родителите го ветуваат на некој светец каде што има манастир во околината и тоа од 12-тата или 15-тата година, ако е машко должно е секоја година на празникот на светецот да оди на манастирот и да служи на гостите три дена. Некои ги ветуваат децата на калуѓерски живот т.е. кога ќе наполни 17-18 години да стане калуѓер. Ако пак детето е момиче, наместо горните ветувања му носат подароци на иконата на светијата, како пари, сребрен венец и сл.

4. Женење.

а) Во Скопје беше обичај да се мажат многу млади момичињата уште на 13-тата година, а момчињата од 16-тата. За срам се смета одлагањето за женидба да се прави од страна на момичето. Тоа исто се смета за срам зашто момчето не бара приќе во пари од момичето.

Во Скопје нема женидба со претходна љубов. Кога некое момче е стасано да се жени и бендисало (тоа или неговите родители) некое момиче, праќа стројник при родителите, а тој стројник задолжително треба да е вешт во зборувањето. Во случај да ја прифати мисијата тогаш мајката  или некоја стара жена роднина заедно со некоја друга жена или со стројникот одат да го посетат домот на момата за да ја видат подобро и да го определат денот кога ќе го менуваат нишанот. Нишанот е првиот од условите за женидба, тој може да се растури од двете страни.

До пред 40-50 години момчето не можело да ја посети куќата на момичето ниту по нишанот ниту пред годежот туку само еднаш на ручек по годежот и тоа на некој голем празник откако ќе испрати живо јагне или мисирка или една голема риба како и разни слатки за свршеницата, но сега не се пази веќе тоа вето и свршеникот може да ја гледа годеницата на секој празник ако не и почесто. До пред 40-50 години момчето обично за прв пат ја гледало момата само кога по годежот одел на гости кај неа, кога му целивала рака и ја дарувал со некоја жолтица тогаш тој можел да види што ќе земе, како што и родителите на момата можеле да оценат каков е нивниот иден мил зет. Но тоа видување траело 3-часа, исполнети со тешки минути како за момчето кое од срам ниту можело да јаде ниту да зборува така и за момата која не можела ништо да направи за да ги разбере умот и срцето на својот иден другар. Навистина сега во Скопје нема таква строга ограниченост но не знам дали и таму слободата во поглед на тие односи нема са биде така голема како на други места во цивилизираниот свет, каде многу несреќни свршени моми плаќаат со својата чест.

б) Нишан. Нишанот му претходи на годежот 5-10 дена. Тој се држи во тајна. Сета негова церемонија се состои во тоа што 2-3 жени и 1-2 мажи од страна на момчето некоја вечер одат во домот на момата и и носат некаков мал подарок или жолтица и малку шеќери, а во замена за тоа за момчето добиваат една марама и една китка цвеќе. Идната невестата им целува рака на гостите. Тогаш се определува денот на годежот.

в) Годеж (прстен во Скопје). Годежот секогаш е официјален, т.е. се огласува. На него се канат сите роднини и некои поблиски пријатели. Оној што е побогат фаќа и чалгаџии (свирачи). Годежот обично се прави во недела или празничен ден и пред ручек.

Од записите на К. Шапкарев

Marko Kitevski

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.