|
||||
ВО РИМ – ГРАДОТ НА УБАВИНАТА, ИСТОРИЈАТА, АРХИТЕКСТУРАТА, ЉУБОВТА... (8) |
ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН Италија е позната по своите кулинарски вештини, модата, дизајнот, облеката, архитектурата, уметноста, музиката, и други знаменитости. Затоа со право се вели дека Италија е земјата на минатото, на љубовта, на религијата... Инаку, според историските податоци Рим станал центар на Римското Царство кое се’ до V век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целосно подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царство и Западно Римско Царство. Во составот на Римското Царство влегла и Македонија како римска провинција. Рим, градот на Ромул и Рем, е градот на шармот, грациозноста, убавината, индиви- дуалноста и универзалноста, град кој е предизвик за секој патник, намерник, патеписец... Оваа италијанската метропола се смета за најголем град на Средоземјето. Рим е подигнат пред два и пол милениума на реката Тибар, на седумте ритчиња: Палатин, Капитол, Квиринал, Виминал, Цеијан, Авентин и Есквилин. Тој претставува средиште на италијанската култура, наука, образование, мода и општествен живот. Во Рим уште во 1303 година е основан првиот универзитет, а има и бројни ви- соки школи, како што е Академијата на науките, потоа научни институти, уметнички галерии, библиотеки, театри, музеи, цркви, капели и друго културно богатство. Величенствени обележја на градот Рим се и црквата „Свети Петар“, Колосеумот, Римскиот форум, Пантеонот со многубројните стари палати, аквадуктите, старите бањи, катакомбите, триумфалните порти и други монументи. Исто така во Рим е развиена индустријата за метали, машинската, хемиската, графичката, стакларската, ќерамичката и филмската индустрија. Градот претставува железнички јазол, има два аеродрома, морско пристаниште и други значајни објекти што го прават светска метропола. Според преданијата, Рим бил формиран во 753 година пред Христовото време, а го изградиле браќата Ромул и Рем. Во тоа време бил град - држава, а потоа република и империја. Денес Рим претставува најголема уметничка ризница во светот. Во него се наоѓа дури 60% од вкупното уметничко богатство на планетата, а убавината на старата ар хитектура и вајарството извираат од секоја негова пора, планот од неговите авении, фа сади, монументи, платоа, плоштади... Тоа е град со повеќе од 2000 фонтани и 450 цркви, храмови, бањи, амфитеатри… Во исто време тој е град со над четири милиони жители. Колосеумот е градба со исклучително архитектонско значење, место каде што оставиле печат крвавите гладијаторски борби пред аристократијата и плебејците. Вниманието го привлекува и величествената, грандиозна црква „Свети Петар“, во која се наоѓа едно од најубавите дела на големиот мајстор Микеланџело. Траен спомен на посетителот на Рим е, секако, црквата „Свети Петар“. Ја посетивме во еден од повеќето слободни денови кога се слеваше река посетители кон овој голем, значаен, величествен и по многу нешта единствен христијански споменик на вечниот град. Уште кога човек ќе дојде на плоштадот пред црквата, може да ја почувствува величественоста на овој монумент. А на плоштадот секојдневно врие како во кошница. Таму има верници, намерници, дојденци, и бели и црни и жолти, од сите ме ридијани на светот. Се пробивме низ толпата луѓе и влеговме во големиот храм. Тука човек се чувствува поголем, поважен и позначаен. Веројатно, кај посетителите се отвораат сите сетила и секој се труди што повеќе да види, да почувствува и да запамети. Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи сесмета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува: ПЕРСЕЈ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија. Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит е типично медитерански, би се рекло дури и балкански. Колосеумот во Рим Според археолозите, пак, самиот објект - споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледа и дел од една покривна ќерамида-тегула, коринтски тип, што датира од подоцнежно време. Се претпоставува дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба. Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 години, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |