Среда, 20 Ноември 2024   
МАКЕДОНИЈА во 2024 ГОРЕШЕ

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

1. Пожарите се честа појава кај нас, во Македонија. Но никогаш како во годинава што изминува. Според званичните  државни институции во текот на 2024 година изгореа седум (7) проценти од вкупната површина на Македонија!?

  Не само што е нормално, туку би рекол задолжително е да се испитаат причинителите за масовното опожарување на земјата бидејки станува збор за огромни материјални штети и ќе треба децении и децении за да се обноват шумите што исчезнаа во ветер, а за другите материјални штети и да не зборуваме.

  Bпечатоците што се наметнуваат кога зборуваме за пожарите се недвојбено дека предизвикувач е најчесто човечкиот фактор, со други зборови дека се подметнати! Оваа пракса не е од вчера. Паметам многу одамна во центарот на Скопје имаше бутик со модерна женска и машка облека "Грација" којшто изгоре до темел а место да го обноват, на негово место никна повеќекатница. Очигледно плацот бил во прашање! Ем газдите на дуќанот си добија осигурување, ем градежната мафија си обезбеди ептен атрактивен плац за градење во строгиот центар на Скопје. Со еден збор - сите задоволни.

Годинава изгоре до темел култната Универзална сала среде Скопје, симбол на солидарноста со градот по катастрофалниот земјотрес 1963. И во овој случај виновни биле краткиот спој на кабли и сл.

Изгоре добар дел од она што остана од дрвната индиустрија "Треска", исто така во централното подрачје на Скопје - многу атрактивен простор за алчната градежна мафија, а изгоре преубавиот објект на Македонски пошти што ДУИ планирале да го претворат во ресторан со кабаре!?

  Пожари имаше уште многу и ќе ни треба многу простор да ги набројуваме, но се поставува прашањето кој тоа пали во нашата татковина? Да не ќе да е мотив за пожарите од политички причини со цел да  се нанесе што поголем удар на актуелната власт, или грабеж на атрактивни локации за градба?

Па како да објасниме што половина од националнот парк Галичица беше пеплосан од пожар? Гореа и многу планини во централна и источна Македонија. Зошто? И кој тоа ги запали?

  Дека најголем дел од пожарите се подметнати во тоа немам никаков сомнеж. Негде кон крајот на август една национална телевизија прикажа некаква импровизирана направа - обрач од жица опкружен со некаков балон а во средината некаква смеса што гори, значи слично на воздушните балони на топол воздух. Оваа квази направа недаде ќе падне и огнот неминовно ќе предизвика пожар. Не знам властите дали ја видоа оваа снимка, но јас како лаик веднаш би го опколил местото каде е најдена справата, би претресол се во околината , куќи, племни, возила и би трагал за докази за евентуални починители на злосторот.

   Не исклучувам ни политички мотивирани пожари. Дефинитивно!

Па една политичка структура која повеќе од две децении ја молзеше државата и работеше на нејзино разнебитување не го крие незадоволството што не партиципира во новата влада и како средство на притисок не исклучувам (но немам докази) дека ги употреби можеби пожарите како сретство на притисок!? Времето ќе покаже дали е така, или не, но сомнежот сепак е голем.

  Власта најави дека ќе превземе се што е потребно ваква сезона на пожари да не ни се повтори  (треба да ги споменеме и дрвокрадците кои подметнуваат пожари за потоа да продаваат дрвна маса многу поефтино) и во наредната 2025 година!

  Мора да признаеме дека и свеста на граѓаните, за жал. е на многу ниско ниво! Се палат огнови и стрништа, се фрлаат цигари во шуми - со едан збор ни горат шумине што се наше национално богатство.

2. Владата на заминување на Џо Бајден даде дозвола Украина да може да користи ракети со голем дострел во војната против Русија. Потегот веднаш го следеа Велика Британија и франција. И што сега? Дали некој се запраша како ќе одгорвиори Русија доколку Зеленски нареди користење на проектили што може да достигнат не само до Москва, туку далеку во внатрешноста на Русија.

  Дали веќе стариот и изнемоштен претседател на САД Џо Бајден (со проштение: гробу на врата), е свесен дека ќе биде запаметен како личност што ја започна (далеку било) Третата светска војна?

  Сега, кога новиот претседател на САД Доналд Трамп најавува крај на руско-украинската војна сепак преовладоја интересите на воениот комплекс на САД. Џо Бајден ни остава во наслетство неизвеснот од нов глобален судир. Ваквиот став веднаш предизвика бурни (негативни) реакции ширум светот, а синот на претседателот Трамп, Доналд Трамп јуниор го нарече Бајден "имбецил".

  Според американските медиуми, спорните проектили биле наменети за регионот Курск каде 50 илјади руски војници имаат подршка од 10 дo 12 илјади севернокорејски воjници.

  Засега е неизвесно како ќе реагира руската страна, но немам сомнеж дека не ќе да е на арно и наместо мир како што најавуваше новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, можно е да сме сведоци на почетокот на III светска војна.

  Во меѓувреме, Шведска и Финска упатија повик до своите граѓани да обезбедат резерви храна и пијалоци за живот во воени услови.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.