Среда, 27 Ноември 2024   
Градоначалнилката на Скопје Данела Арсовска нема капацитет да се справи со проблемите

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

Секоја година, со започнување на грејната сезона и деновите без ветер, главниот град на Македонија според конценентрацијата на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките често се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. На оваа листа, Скопје се наоѓа во друштво на градовите како Делхи во Индија, Каиро во Египет, Лахор во Пакистан и др. Од година во година загаденоста во градот е се поголема, а последиците се поизразени и потешки.

Причини за загаденоста се местоположбата на Скопје и човечкиот фактор. Градот се наоѓа во мала котлина и одамна ги надмина бројките на жители, возила, индустриски капацитети за да може да има чиста животна средина. Со лошите урбанистички решенија, попречно поставените згради и објекти, е сменета ружата на ветрови и природното проветрување на градот. Исто така, во зимскиот период има недолен број на врнежи за прочистување на градот.

Застерениот јавен автобуски превоз, потоа големиот број на застарени возила кои се движат низ градот и горењето отпад, дополнително го загадуваат градот. Често во некои делови од градот може да се види црн дим. Обично таму се спалува отпад и кабли од кои се ваѓа бакар. Добар дел од ранливите категории на ваков начин заработуваат за живот од рециклажната индустрија. Но, при ова се ослободува токсични и канцерогени материи, како диоксин и фуран.

Надлежните од градот неможат да се справат со проблемите кои ги мачат граѓаните. Иако постојано се менуваат директори, подолго време во прашање е доведен превозот и хигиената во градот. Неисправни автобуси, граѓани незадоволни дека неможат навреме да стигнат до одредена дестинација, полни контејнери со ѓубре и т.н.

Очигледно е дека градоначалнилката на Скопје, Данела Арсовска, нема капацитет да се справи со  проблемите, и неместо во интерес на граѓаните навреме да остапи место на некој кој може да се носи со проблемите, таа упорно продолжува да тера инает и сака да остане на чело на градот до крајот на мандатот.

Во вакви околности, единствено која може да помогне е Владата. Премиерот Христијан Мицкоски веќе најави 120 електрични автобуси за Скопје и други градови каде има организиран превоз. Со тоа ќе се помогне не само во решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку и со намалување на загадувањето. Исто така, со цел на намалување згадувањето  се преземаат и други мерки.

Данела Арсовска ако има трунка доблест треба да го остапи местото на некој кој може да се носи со проблемите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.