Среда, 30 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

113

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Главниот град на Каталонија Барселона и втор град по големина во Шпанија по сле Мадрид, го посетивме во пролет, кога во Македонија беше сè расцветано. Од Скопје до Софија патувавме со автомобил. На границата на брзина ги завршивме царинските церемонии и се упативме кон пиринскиот дел на Македонија.

Пријатно беше  чувството кога ни се редеа пиринските населени места. Имавме време на патот да се од мориме и да се освежиме во една кафеана каде вриеше од патници, од кои поголемиот број беа од Македонија, кои претежно се враќаа од купување од Истанбул.

Од Софија за Барселона патувавме со бугарска авиокомпанија. Патувањето беше пријатно исполнето со убави мигови. Аеродромот во Барселона е еден од поголемите во Европа. Таму бевме пречекани од нашиот пријател, кој како канадски Македонец работи како менаџер во една канадска фирма и живее во еден луксузен дел на Барселона..

Во Барселона, прекрасната метропола на шпанската Каталонија, се уверивме дека таа се бори како да се извлече од чадорот на Мадрид, како да се ослободи од вечната сенка дека е вториот град на таа ибериска земја.

Поради гордоста на Каталонците и европскиот имиџ што успеале да го создадат, апсолутно е пожелна дестинација на намерниците од целиот свет. Не случајно нашиот пријател ни рече дека можеме да ја крстосуваме Шпанија, но доколку не се почувствува магијата Барселона, треба да за боравиме дека сме биле во таа земја.

Инаку, историјата на Каталонија е долга, интересна и тажна. Слиќна на нашата – македонската. Така, меѓу другото, Каталонија била арагонската поморска сила во Средоземното Море; таа била република под француска заштита; по завршување- то Франко-шпанската војна, Франција ги повратила северните делови на Каталонија, главно приклучени во грофството на Русилон; во текот на војната за шпанското наследство довела до укинување на каталонските институции и конечно воведување на шпанскиот јазик во јавниот живот.

Исто така, во аналите на Каталонија е забележано дека и покрај репресијата и наполеонските и граѓанските војни, Каталонија доживеала економски раст и индус- тријализација. Во текот на втората половина на 19 век, областа имала културна ре- несанса и биле ставени темелите на национализмот, кога и се појавиле и неколку работнички движења. Во 1913, четирите каталонски покраини создале Комонвелт и со појавувањето на демократијата во текот на Втората Шпанска Република (1931–39), бил повторно воспоставен Женералитатот на Каталонија.

Во право беше нашиот канадски пријател, бидејки набргу се уверивме во негова та голема приказна, кога дојдовме во главниот град на Каталонија. Од Олимписките игри во 1992 година, Барселона му испрати на светот една поинаква, можеби дотогаш помалку позната културна, цивилизациска, спортска, политичка и национална порака.

Архитектурата, боите, иновациските предизвици, спојот на минатото и сегашноста, индустрискиот и култур-ниот подем, и уште многуте други белези и карактеристики, ја прават поразлична, поинаква, посамосвојна личната карта на градот.

Повеке медитерански отколку шпански, со своите историски турбулентни но и триумфални страници, како важен центар на поморското трговско царство од дамнина, со еден голем развоен залет, Барселона станува модерен амбициозен град, кој уште во многу далечната 1274 година ги втемелила првите ’ркулци на свој начин на првиот европски парламентарен систем, на евродемократијата.

Кога стапнавме во оваа метропола, таа блескаше на секој чекор, и обземени од сè околу нас, не можеше а да не нè понесе сета преубава и динамична атмосфера што е „гозба“ за сите сетила на намерникот.

Низ „Ла Рамбла“, главната авенија, за која велат дека е една од најдолгите па и најубавите не само на Иберискиот Полуостров туку и на стариот континент, ве мамат на сите страни да не ги заобиколите, туку да минете часови и часови загледани во луксузните бутици, обичните продавници, рестораните и таверните, музеите, галериите, шеталиштата за рекреативците и опуштените.

Готиката ве ѕирка од сите страни. Специфичните градби, исто така. Особено при- влечна е црквата „Санта Марија дел Мар“, во која спокојот и мистиката, духовното и овоземното, чудно, неосетно, се испреплетуваат, а сето тоа многу или макар само малку, ама сигурно ќе допрат до посетителот.

1133

Антони Гауди спектакуларно ја обележал својата епоха и својата Барселона оста- вајки големи градбени аманети но и недовршени дела. Саграда фамилијата станала најпознатата од недовршените, која долго ги распламтува дискусиите на архитектите, на градителите, естетите, политичарите и граѓаните, на кој начин да се доврши.

Тешко би одела таа работа, тешко дека некогаш ќе се усогласат хоровите од различни опции, предлози и видувања, зашто делот на Саграда фамилијата кој е дополнително изграден, е далеку од визиите на Гауди. Живеел 74 години и водичот вели дека уникатниот креатор го прегазил трамвај.

Но, никако не смеевме да ја пропуштиме приликата да го разгледаме музејот на големиот мајстор Пабло Пикасо, каде е спојот на неговите временски не врамени сликарски правци, каде се наоѓаат неговите ремекдела, неговите колку необични, толку и провокативни остварувања. Својата младост ја минал во Барселона, но и своите слики ги отстапил како дар на градскиот музеј. Сакал тука во Каталонија да останат засекогаш. Колекцијата од неговите дела е постојано достапна, а бројни туристи по- стојано доаѓаат за да го видат творештвото на генијалецот.

Барселона е фасцинантен град. Пулсираат во неа сите деноноќија, во сите 365     дена со една голема динамика, посебност, шарм и убавина. Шпанската музика, ритамот, убавите танчерки и танчери на оригиналното фламенго кога останувате без здив на виртуозната младост, игра, убавина, карактеристичната сангрија што ќе ја дегустирате додека уживате во песните и танцот, сето тоа е незаборавно доживување од престојот во Барселона, во вториот, или како би рекле тие, првиот град во Шпанија и на Полуостровот, сеедно. Престижот и докажувањето им го оставаме на домаќините, ние оттаму заминавме презадоволни и со авион се упативме кон големиот Мадрид.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.