|
||||
Трајко Желевски |
Трајко Желевски (1875 – јуни 1923) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, од 1904 година до 1908 година, бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Учествувал во двете балкански и Првата светска војна. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил убием заедно со Тома Желински. Трајко Тодоров, познат како Желевски, е роден во 1875 година во костурското село Желево, Егејскиот дел на Македонија. Се стекнал со основно образование. Во 1898 година влегол во Македонската револуционерна организација, а од 1900 година бил четник на Пандо Кљашев и Митре Влаот По Илинденското востание од 1904 година до Младотурската револуција во 1908 година, Траико Желевски бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Тој за свое подрачје на дејствување ја има околината на родното село и го придружувал Христо Цветков на неговите обиколки во Костенаријата. По Хуриетот Трајко Желевски работел во Торонто, Канада. Но по избувнувањето на Првата балканска војна, преку тамошното Македонско братство, војводите Панде Сидов и Трајко Желевски собрале преку шеесет доброволци, со кои во октомври преку Грција заминале за Македонија. Претходно во Грција се вооружиле и по доаѓањето Костурскиот крај учествувале во одземање на оружјето од турското население и во борбите против Отоманската империја. На крајот на војната Желевски се вратил во родното село, но по обидот на грчките војници да го разоружаат, побегнал во Бугарија. За време на Втората балканска војна во 1913 година бил во Здружената партизанска чета на Васил Чекаларов, која се борела со грчките трупи. Учествувал во Првата светска војна. Служел во 85-от пешадиски полк. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил застрелан заедно со Тома Желински во јуни истата година во Асеновград, Бугарија. Подготвил: Т.К. |