Среда, 05 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
Кирил Ќамилов

kamilov

Кирил Ќамилов (22. Ⅱ 1899 –  9. Ⅸ 1976) е универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Бил учесник во шпанската граѓанска војна (1937–1938), а потоа и во НОБ во Македонија. По Втората светска војна бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата и научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје до пензионирањето во 1968 година. Тој е автор на голем број стручно-научни трудови.

Кирил Панов Ќамилов е роден на 22 фебруари 1899 година во Велес. Студирал во Прага од 1920 до 1924 година каде завршил студии по педагогија. Специјализирал и докторирал во Франција (Нанси, Париз) под менторство на познатиот Проф. М.П.Фоконе (M.P.Fauconnet) од Универзитетот „Сорбона”. Во 1936 година го објавил својот докторски труд на тема „Прилог кон проучувањето на едукацијата на деца-методи и современи теории”, со што се стекнал со звањето доктор по педагошки науки. Истовремено се занимавал со педагошка и професорска дејност во Париз и Нанси при институтот Анри Поанкаре (Henry Poincaret).

Во Шпанија дошол од Белгија во јануари 1937 година. Бил во баталјонот „Георги Димитров“ и баталјонот „Дуран“. Бил офицер за врски и имал чин капетан. По победата на франковистите принуден бил да емигрира со републикански пасош (под име Juan Lopez Garcia). Прво се вратил во Франција во 1938 година, а кон крајот на 1939 година се вратил во Југославија. По враќањето бил интерниран во Винковци од каде илегално се префрлил во Македонија.

За време на Втората светска војна учествувал во НОВ од 1944 година, во бригадата „Гоце Делчев“. По ослободувањето делувал  како делегат и активист во Националниот комитет на македонската емиграција во Софија. Подоцна со декрет на Министерството за Просвета бил упатен во Скопје каде 1947 година бил еден од основачите на Филозофскиот факултет и Катедрата по педагогија. Бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата Подоцна бил научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје и негов директор од 1964 до 1966 година. На институтот работел се до неговото пензионирање  во 1968 година.

Во меѓувреме, под обвинение дека се определил за Сталин, од октомври 1952 до  декември 1954 година, Кирил Ќамилов бил затворен на Голи Оток.

Кирил Ќамилов интензивно се занимавал со истражувачка дејност.  Меѓудругото истражувал во Архивот на Македонија, Институтот за национална историја и Институтот за фолклор. Дошол до значајни изворни материјали за македонските преродбеници кои ги обработил.  и објавил во стручната литература. Тој е автор на голем број стручно-научни трудови, со посебен интерес за делото на Григор Прличев и народното творештво.

Кирил Ќамилов починал на  9 октомври 1976 година во Скопје.

Извор: М.Е. Скопје 2009; http://fzf.ukim.edu.mk/profesori-2-2-2-3-2-2/

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.