Среда, 13 Септември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Васил Бојаџиев
|

Васил Бојаџиев (14. XII 1876 – 1950) е македонски црковно-музички деец, црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Тој е меѓу истакнатите псалти кој оставиле длабоки длабоки траги во македонското црковно пеење и творец на еден од највредните црковно-музички дела во македонската музичка историја и пошироко.
|
|
Среда, 06 Септември 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Јордан Шурков
|

Јордан Шурков (1878 – 27. X 1929) е македонски револуционер, драматург и новинар, учесник во македонското ослободително движење. Уште како ученик во Пловдив се вклучува во активностите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Подоцна станал дел од анархистичката група гемиџии, а потоа бил дел од левото крило на Македонската револуционерна организација, поддржувајќи ги Санданистите. Учествувал во активностите на Народната федеративна партија - партијата на Јане Сандански.
|
|
Среда, 30 Август 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Густав Влахов
|

Густав Влахов (18. IX 1912 – 16. I 1991) е македонски комунист, инжинер-технолог, воен и државно-политички деец, општественик и дипломат. Син е на Димитар Влахов и го следел животниот пат на татко му. Во 1935 г., преку Лондон и Ленинград заминал за Москва. По Хитлеровиот напад на СССР (1941), како доброволец во Црвената армија, учествувал во одбраната на Москва. Во 1944 г. со татко му заминал за Крајова, каде што преговарале Тито и Трпешев и речиси два месеца бил во близина на Тито. По краткиот престој во Белград, заминал за Македонија каде што осум месеци вршел одговорни функции. Меѓутоа, дошло до недоразбирања со македонското раководство, по што бил испратен во Белград каде вршел повеќе одговорни функции. Носител е на Партизанска споменица 1941.
|
|
Среда, 23 Август 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Манчу Матак
|

Манчу Матак (1920 - 25. V 1944), е македонски комунистички деец од влашко потекло, учесник во Априлската војна (1941) и Народноослободителната војна (1941 - 1945). Загинал при напад на бункер на германските сили. Бил прогласен за народен херој на Југославија.
|
|
Среда, 16 Август 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Лазар Димитров
|

Лазар Димитров (1869 - 1945) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, претседател на Одринскиот и Серскиот окружен револуционерен комитет. Како серски делегат учествувал на Солунскиот конгрес на Македонската револуционерна организација во јануари 1903 година. Првично се спротивставил на идејата за започнување на вооружено востание, но подоцна ја потпишал одлуката. За време на Илинденското востание бил член на Охридското горско началство и околиски началник во Дебарско.
|
|
Среда, 09 Август 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Петар Ацев
|

Петар Ацев (7. VI 1877 – 20. IV 1939) е македонски револуционер, прилепски околиски војвода. Во 1903 година учествувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за резервен член на Востанички штаб, а во Илинденското востание предводел чета. По Востанието учествувал во борбите кај с. Рајчани, Кочанско во 1905 година, во битката на Ножот во 1907 година, на други места, како и во Балканските (1912 - 1913) и во Првата светска војна (1914 - 1918).
|
|
Среда, 02 Август 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Крум Солунов Монев
|

Крум Солунов Монев (5 V. 1927 – 18 II. 2001) е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија.
|
|
Среда, 26 Јули 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Максим Ненов
|
Максим Ненов (13.VIII 1870 – 29. V 1903) е македонски револуционер и зограф, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како Максим Зографот, но и како Максим Војвода. Во пролетта 1903 година, заминал за Бугарија да собере и комплетира една поголема чета од емигрантите родум од Галичко и Дебарско. Меѓутоа, на враќање неговиот одред бил опколен од Турци и загинал во битка која се водела на врвот Чавките на планината Голак. Максим војводата е опеан во неколку народни песни од Илинденскиот период.
|
|
Среда, 19 Јули 2023 12:05 |
 |
 |
 |
|
Евдокија Фотева - Вера
|

Евдокија Фотева (2. Ⅷ 1926 – 10. III 2011) е македонска револуцуинерка, припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење. Во Втората светска војна (1941–1945) активно учествувала во антифашистичкиот отпор. Деец на СНОФ, секретар на женската организација во Костурскиот регион, секретар на НОФ во околијата Сорович – Кајлари, секретар на АФЖ за Леринскиот округ. По ноември 1946 година таа е секретар на АФЖ за Егејскиот дел на Македонија и учествувака во Граѓанската војна во Грција (1946 –1949). По поразот на грчките републикански сили (ДАГ) била обвинета од КПГ дека била „агент на меѓународната реакција“ и била сприведена во советските затвори и логори (Лубјанка, Лефортово и Буртика). По ослободувањето од логорот, во 1956 година се вратила во НРМ.
|
|
Среда, 12 Јули 2023 02:00 |
 |
 |
 |
|
Крсто Белев
|

Крсто Белев ( 5 III 1908 – 25 I 1978) e бугарски писател oд македонско потекло. Автор на многубројни раскази, статии, патописи, романи, како и филмски сценарија. Добар дел од неговиот богат опус е посветен на македонски теми. Тој е автор на мошне популарниот роман „Планино, Пирин-планино“ (1934) во кој се коментира смртта на Гоце Делчев.
|
|
|
|