Среда, 03 Мај 2023    PDF Печати Е-пошта
Кирил Миљовски

1globi4445

Кирил Миљовски  (27. V 1912 – 27. IV 1983) е македонски економист, академик, учесник во НОБ. Бил член и секретар на АСНОМ, а потоа и член на Президиумот на АСНОМ, прв претседател на Планската комисија на НРМ, републички јавен обвинител, министер за трговија и снабдување во Владата на Македонија, прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во два мандата), редовен член на МАНУ од нејзиното формирање во 1967 година, Исто така бил амбасадор на СФРЈ во Данска и во Бугарија, пратеник од СРМ во Сојузното собрание, член на Економскиот совет на Владата на СФРЈ.

Кирил Миљовски  е роден на 27 мај 1912 година во Ресен. Син е на Никола Миљовски, учител и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Кирил завршил основно образование во родниот град, а средно образование во Битола во 1931 година. Своето школување го продолжил на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Загреб, каде дипломирал во 1939 година.

По дипломирањето, работел во ,,Сојузот на здравствените работници“ во Белград, а потоа бил преместен во Скопје. Со други напредни интелектуалци организирал, во Скопје и во Битола, задруги ,,Селанска помош“ и станал секретар на Организацијата. Поради широката активност во неа, преместен бил во Пожаревац.

По капитулацијата на Кралството Југославија за време на Втората светска војна и бугарската окупација на Македонија во 1941 година, Миљовски се вратил во Битола и учествувал во организирањето на Народноодлободителната војна. Во 1942 година бил упасен од бугарската полиција и по неколку месеци истражен затвор бил ослободен. По излегувањето од затвор продолжил со своите илегални актувности, а во 1944 година им се приклучил на партизаните и станал член на редакцијата на списанието „Илинденски пат“, во кое објавил повеќе статии.

Во текот на 1944 година Кирил станал член и секретар на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ, на кое бил избран за член на Президиумот на АСНОМ. Набрзо потоа, на 14 август, Президиумот го избрал за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги. 

По 9 септември 1944 година Кирил бил упатен во Бугарија како претставник на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија. Кон крајот на 1944 година се вратил во Македонија и бил именуван за повереник за трговија и снабдување при Президиумот на АСНОМ. Во почетокот на 1945 година е наименуван за член на Југословенската восна мисија во Бугарија.

По ослободувањето на земјата, на 1 мај 1945 година, Кирил Миљовски бил именуван за прв јавен обвинител на Народна Република Македонија. На оваа фунција останал до 27 јули 1946 година кога  бил избран за прв Претседател на Планската комисија. Во декември истата година како претседател на Планската комисија бил избран за член на Владата на НРМ. Подоцна станал министер за трговија и снабдувањето и на таа должност останал до март 1949 година.

Во 1949 година Кирил Миљовски бил избран за редовен професор ио политичка економија, а, при формирањето на Скопскиот универзитет, бил избран за негов прв ректор. На таа функција бил избиран во два мандати.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите Миљовски бил избран на 18 август 1967 година. Тој бил и секретар на Одделението за општествени науки и член на Претседателството на МАНУ, како и прв главен и одговорен уредник на „Прилози“ на Одделението за општествени науки во МАНУ,

Од септември 1965 година, Миљовски бил амбасадор на СФРЈ во Данска, а од 1967 до 1971 година во Бугарија. Исто така, од 1944 до 1960 година бил пратеник на Народното собрание на ДФЈ/ФНРЈ и член на Економскиот совет на југословенската Влада. Бил основач и прв главен и одговорен уредник на сп. „Стопански преглед“, прв претседател на Научната секција на Сојузот на економистите на Југославија, член на редацискиот одбор на списанието „Економист“,

Кирил Миљовски е автор на повеќе од 170 научни и стручни трудови – книги, учебници, научни проекти, монографии и статии објавени во бројни списанија во СФРЈ. Неговата научноистражувачка работа е реализирана во повеќе области на економската наука и стопанската практика, но и во други неекономски области како националната историја на Македонија, социологијата, етнологијата, културата и др.

Тој е носител на повеќе одликувања, меѓу кои: Орден иа трудот од I ред, Орден заслуги за народ со златна ѕвезда, Орден на Републиката со златен венец. Во 1963 година е добитник на Октомвриската награда — за трудот ,,КПЈ и македонското национално прашање“.

Кирил Миљовски починал на 27 април 1983 година во Скопје.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Извор: М.Е. Скопје, 2009, том втори, стр. 954; https://manu.edu.mk/teams/кирил-миљивски/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.