Среда, 29 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
Васил Пачаџиев

1del123456789999012

Васил Пачаџиев (1883 – 27, IX 1942)) е македонски револуционер, Тиквешки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Бил учесник во Илинденското востание во 1903 година. По востанието бил и самостоен војвода во Тиквешијата. Се борел со турските военополициски сили, меѓутоа и со врховистите. За време на Хуриетот учествувал во соборувањето на султанот Абдул Азис.

Васил Пачаџиев е роден во 1883 година во разлошкото село Бања, Пиринска Македонија. Со основно образование се стекнал во родното место, кое било изложено на силен терор на турските зулумџии. Откако неговите родители емигрирале во Бугарија и се населиле во софиското село Осоица, го продолжил образованието во Софија, каде завршил VII клас прогимназија и станал учител.

Пачациев бил свесен дека вооруженото востание е единствен начин да се стави крај на турското насилие врз народот. Тој влегол  во ТМОРО и за време на Илинденското востание во 1903 година бил во четата на Петар Самарџиев.

Пачаџоев зел учество во скоро сите позначајни акции на четата на војводата Самарџиев. Во Тиквешијата. Учествувал во битката кај Ново Село на 5 септември.

Поради бројните потери што ги организирале турските власти против македонските револуционерни чети, војводата Самарџиев во 1905 година заминал во Бугарија. Тој во Кавадарци оставил една помала чета, а раководењето со неа му го доверил на Пачаџиев.

Во 1906 година по загинувањето на војводата Самарџиев, Васил преминал во четата на војводата Добри Даскалов и се истакнал во борбите против врховистичките чети и во борбите со турските воени и полициски сили. По заминувањето на војводата Даскалов во Бугарија во зимата 1907 година раководењето со останатиот дел од четата му бил доверен на Васил Пачаџиев. Како самостоен војвода во Тиквешијата, Пачаџиев ае борел со турските военополициски сили, меѓутоа и со врховистите.

По Младотурската револуција во 1908 година бил легализиран и станал учител во Кавадарци. За време на Хуриетот на чело на една чета составена од тиквешани, учествувал во соборувањето на султанот Абдул Азис.

Пачаџиев активно учествувал и во Тиквешкото востание во 1913 година. Тој бил член Главниот штаб на востанието.

Васил Пачаџиев  починал на 27 септември 1942 година во Кавадарци.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.