Вторник, 25 Април 2023    PDF Печати Е-пошта
Христо Попсимов

1legij

Христо Попсимов (1916 – 1980) е македонски, српски и бугарски поет, внук од сестра на Григор. Прличев. Првите стихови на македонски јазик ги напишал во 1935 година, но првата песна „Весникарче“ му била публикувана во 1937 година во „Наш весник“, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, заедно со Рациновите „Тутунови берачи“.

Христо Попсимов е роден во 1916 година во градот Охрид. Тој е внук на Григор Перличев, син на неговата ќерка Деспина. Основното образование го завршил во родниот град, гимназијата во домот за македонските ученици во Крагуевац, а Правниот факултет во Белград. По двегодишна работа, докторската дисертација му останала незавршена, бидејќи во 1940 година бил уапсен од југословенските власти поради прокомунистички активности и затворен во логорот Билеча.

Во 1941 година бил ослободен и се вработил во Дирекцијата за социјални грижи во Софија. По окупацијата на Македонија, тој доаѓа во татковината, но по завршѕвањето на војната повторно заминал за Бугарија, каде останал до крајот на животот, иако повеќепати барал да се врати во Македонија.

По завршувањето на Втората светска војна, во периодот од 1946 до 1948 година, работел во Комесаријатот за спроведување на договорот за примирје при Министерството за надворешни работи и исповеди, потоа од 1948 до 1952 година во Државното претпријатие „Раико Дамјанов“ и од 1952 до 1976 година работел во Бугарската телеграфска агенција.

Првите стихови на македонски јазик ги напишал во 1935 година, но првата песна „Весникарче“ му била публикувана во 1937 година во „Наш весник“, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, заедно со Рациновите „Тутунови берачи“. Во истата година во списанието „Луч“ публикувал уште две стихотворби на македонски, „Борба“ и „Нашијот град“, поради кои било забрането списанието.

Во истата 1937 година, во списанието „Јужни преглед“, била публикувана на српски јазик песната „Рибари“. Во следната 1938 година Христо Попсимов објавил и други две песни на српски јазик во „Луч“ -  „Ноктурно“ и „О ночас како гори космос!“.

Посебно значење имаат двата зачувани (но тогаш необјавени) предговорни текста кон стихозбирките на Воислав Илиќ „Луда крв“ и „За осветљеним путевима“, што содржеа и стихови на македонски (1935). Од нив се гледа дека Попсимов се движи по развојната линија на младата македонска поетска генерација на Рацин, Неделковски, Марковски и Петковски.

Во Бугарија, од 1944 до 1948 година Попсимов создава десет стихозбирки: „Мојот град“, „Иднина“, „Сонети“, „Сатурналии“, „Бледите вселени“, „Мртви лисја“, „Љубов и дух“, „Облаци и сенки“, „Чувства од преисподњата“ и „Мигови во просторот“. Меѓутоа ниту една не успеал да објави во Бугарија. Во првиот дел од првата збирка „Прелудиум“ се наоѓаат и стихотворбите пишувани до 1940 година на македонски, а другите се на бугарски.

Во ноември 1967 година авторот направил избор од ова творештво и предложил да се објави во Македонија. Така беа напечатени изборите во три книги: „Траги“ (1967), „Изгревите тлеат“ (1968) и „Стихови“ (1969). Дури кога беше на смртното легло во софиската болница, како потреба за историјата, со лично залагање и со национално - политички интониран предговор од акад. П. Динеков, под редакција на Е. Евтимов, бил напечатен сосем скромен избор од неговите ракописи, посветени главно на Охрид и на неговата земја, но со бесмислено уфрлени два не негови збора (Б’лгарија и б’лгарска).

Христо Попсимов умира во Софија во  1980 година.

извор: М.Е. Скопје, 2009 г.

1Tihomir подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.