Среда, 15 Март 2023 02:00 |
|
|
|
|
Антон Станишев
|
Антон Станишев (1828 - 1904) e резбар и зограф од Македонија, претставник на Дебарската уметничка школа. Познат како като Дебарлијата околу 1840 година заедно со братот Димитар и Петар Филипов Гарката, работеле на главниот иконостас на црквата „Рождество на Богородица“ во Рилски Манастир. Потоа браќата Станишеви се одвоиле од Гарката и работеле самостојно на архиерејскиот трон, амвонот и иконостасот во црквата „Благовештение на Богородица“ во Прилеп. Двајцата браќа работеле и во Охрид, во црквата „Пресвета Богородица Каменско“, каде што во 1845 година го направиле иконостасот, амвонот и епископскиот трон. Исто така работел и на иконостасот на „Свети Илија“ во Дојран, кој беше уништен за време на Првата светска војна. Освен во Македонија, браќата работеле во Србија и Бугарија.
|
|
Георги Измирлиев (21.IV 1851 – 28. V. 1876) бил револуционер од Македонија, учесник во антиотоманското Априлско востание во Бугарија во 1876 година. Познат како Македончето („Малиот Македонец“), бил помошник на апостолот Стефан Стамболов и војсководец во Првиот трновски револуционерен округ. Тој спровел обемни организациски активности за подготовка на Априлското востание. Поради предаство, Македончето бил заробен и осуден на смрт со бесење. Тој самиот си ја ставил јамката на врат во Горна Орјаховица на 26 април.
|
|
Среда, 01 Март 2023 02:00 |
|
|
|
|
Алекси Рилец
|
Алекси Рилец (1760 - 1850) е архитект, мајстор градител и резбар од Македонија. Тој е припадник на Дебарската (Мијачка) резбарска школа. Познат е по неговата работа на возобновување и одржување на Рилскиот манастир, кој бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски.
|
|
Среда, 22 Февруари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Тодор Павлов
|
Тодор Д. Павлов (14.II 1890 – 8. V 1977) е бугарски комунист, политичар, новинар и академик, со потекло од Македонија. Тој е еден од тројцата регенти на Бугарија (9 септември 1944 – 15 септември 1946 година). Од 1957 година бил член на ЦК на БКП, потоа од 1966 година член на Политбирото, а во периодот од 1947 до 1954 и 1962 до 1971 година бил двапати член на Президиумот на народното собрание. Претседател на Бугарската академија на науките (БАН) бил во периодот од 1949 до 1952 и од 1961 до 1971 година. Исто така бил почесен претседател на бугарските писатели. По повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Народна Репѕблика Македонија оддржал свечен говор во Народниот театар на Софија.
|
|
Среда, 15 Февруари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Пандо Шиперков
|
Пандо Шиперков (10. I 1921 – 8. III 1948) е македонски комунист и партизан, борец на ДАГ. Во 1941 г. влегол во грчката кумунистичката партија, а во есента 1943 г. станал борец на партизанската единица „Лазо Турповски“. Подоцна бил политички комесар на одред во Леринско-костурскиот баталјон и комесар на вториот баталјон на Леринско-костурската бригада. Од мај 1945 година е назначен за комесар на гранична единица на Народниот одбранбен корпус на Југославија во Гевгелиско. Во ноември 1946 г. бил командант во штабот на ДАГ во планината Вич. Починал во областа Свети Илија помеѓу селата Груче и Папрацко.
|
|
Среда, 08 Февруари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Иван Дојчинов
|
Иван Дојчинов (11. Ⅰ 1909 - 29. Ⅰ 1991) е македонски комунист, интернационален комунистички деец, шпански борец и воен командант во НОАВМ. Тој бил член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и учествувал на Првото и Второто заседание на АСНОМ. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. По војната бил репресиран како информбировец.
|
|
Среда, 01 Февруари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Крсто Мангов
|
Крсто Мангов (1912 – 11. VIII 1949) е македонски револуционер, деец на Македонското националноослободително движење, учесник во грчкото комунистичко и антифашистичко движење. Во 1943 година станал член на Околискиот комитет на КПГ за Костурска околија. Во МНОД бил претседател на Околискиот одбор на НОФ за Костурско и член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија. Крсто Мангов целиот свој живот го посветил во борбата на национално и социјално ослободување на македонскиот народ.
|
|
Среда, 25 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Никола Макеларски
|
Никола Макеларски - Бецко (1914 - 10. Х 1980) е македонски партизан, комунистички деец, првоборец, сообраќаен инженер. По бегството од германски логор во 1942 година се вклучил како борец во српски партизански одреди, а потоа се префрлил во Македонија. Како искусен командант заминал во Поречието да формира нов партизански одред. Учествувал во разбивањето на четничките сили во Поречието, бил назначен за политички комесар на Дебарскиот НО младински баталјон во 1943 година и учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како командант на Првиот баталјон на X V македонски корпус на НОВЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941.
|
|
Среда, 18 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Круме Волнароски – Коља
|
Круме Волнароски – Коља
|
|
Среда, 11 Јануари 2023 02:00 |
|
|
|
|
Димитар Митрев
|
Димитар Митрев (14. Х 1919 –24. II 1976) е македонски литературен критичар, универзитетски професор и академик. Пред Втората светска војна бил активист на македонските емигрантски движења и член е на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во 1941 година, заедно со Никола Ј. Вапцаров бил соработник и редактор на прогресивниот неделен весник „Литературен критичар“. Од септември 1944 година учествува во НОБ во бригадата „Гоце Делчев“. Тој е редовен член на МАНУ од основањето во 1967 година и е еден од основоположниците и неколку пати претседател на ДПМ. Тој е меѓу најзаслужните наши дејци за забрзаниот развој на македонската книжевност и особено на македонската книжевна критика.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |