|
||||
Антон Станишев |
Антон Станишев (1828 - 1904) e резбар и зограф од Македонија, претставник на Дебарската уметничка школа. Познат како като Дебарлијата околу 1840 година заедно со братот Димитар и Петар Филипов Гарката, работеле на главниот иконостас на црквата „Рождество на Богородица“ во Рилски Манастир. Потоа браќата Станишеви се одвоиле од Гарката и работеле самостојно на архиерејскиот трон, амвонот и иконостасот во црквата „Благовештение на Богородица“ во Прилеп. Двајцата браќа работеле и во Охрид, во црквата „Пресвета Богородица Каменско“, каде што во 1845 година го направиле иконостасот, амвонот и епископскиот трон. Исто така работел и на иконостасот на „Свети Илија“ во Дојран, кој беше уништен за време на Првата светска војна. Освен во Македонија, браќата работеле во Србија и Бугарија. Антон Гешов Станишев е роден во Крушево околу 1828 година, во семејствотото на резбарот и градител Гешо Станишев. Околу 1840 година со братот Димитар и Петар Филипов Гарката, работел на главниот иконостас на црквата „Рождество на Богородица“ во Рилски Манастир. По завршувањето на Рилскиот иконостас, браќата Станишеви се одвоиле од Петар Гарката и почнале да работат самостојно. Двајцата браќа работеле во Охрид, во црквата „Пресвета Богородица Каменско“, каде што во 1845 година го направиле иконостасот, амвонот и епископскиот трон. Тие го изработиле и иконостасот, амвонот и владичкиот трон за „Благовештение на Богородица“ во Прилеп, потоа иконостасот на црквата во Чачак, како и иконостасот на „Свети Илија“ во Дојран, кој беше уништен за време на Првата светска војна. Во 1864 година, браќата Станишеви се населиле во Калофер, каде што отвориле резбарска работилница и го основале Калоферското резбарско училиште. Европските стилови постепено влијаеле врз делото на Станишеви, што е видливо во иконостасот на пловдивската црква „Пресвета Богородица“ и во проскинитарците на црквите „Св. Свети Константин и Елена“ и „Света Марина“. Со својата работа, овие мијачки мајстори, особено Антон, ќе остават белег и во бугарската преродбенска уметност. Во 1866 година Димитар се вратил во родното место, а Антон бил на чело на мајсторите на Калофер - тие работеле во приватни и јавни згради во Карлово, Казанлак и други населби. Делата на Антон Станишев се епископскиот трон во „Свети Јован Претеча“ во Казанлак, епископскиот трон во „Успение на Богородица“ во Шипка, царските двери и крстови во „Свети Тодор“ во Химитлии и во црквата во Махалата, царските двери, иконостасите и епископските тронови во „Света Богородица“ и „Свети Никола“ во Карлово, крстот и царските двери во „Св. Петар и Павле“ во Сопот, царските двери и завесата во едната црква во Панаѓуриште и во втората во истиот град, иконостасот, крстот и вратите во „Свети Никола“ во Чирпан. Потоа се преселил во Северна Бугарија и во 1862 година работи на иконостасот на девствениот манастир „Свето Благовештение“ (разрушен во 1959 година), а во следната 1863 година го работи иконостасот на црквата во село Габене, Севлиевско. Од 1863 до 1865 година работи на иконостасот во „Свети крал“ во Софија, во 1866 година - оној во „Свети Никола“, во 1867 година - во „Света Богородица“ во Трново, а следната 1868 година го изработува иконостасот во „Свети Спас“ во Трново. Во 1870 година го изработил иконостасот на „Вознесение Господово“ во Враца, во 1872 година на „Света Троица“ во Свиштов. Во 1874 година го направил иконостасот „Свети Ѓорѓија“ во Тулча, следната 1875 година иконостас во Џумаја и два иконостаси во црквата „Света Троица“ во Котелна. Се вратил во Свиштов и во 1881 година го направил иконостасот на „Св. Свети Кирил и Методиј“. Во 1884 година, тој на „Свети Никола“ во Враца, во 1885 година иконостасот на црквата „Свети Никола“ во Разград, во 1890 година во „Св. Свети Петар и Павле“ во Силистра и во 1893 година иконостасот и епископскиот трон за Успение на црквата во Ново Село. По нарачката во Ново Село, Станишев доживеал мозочен удар и престанал да работи. Антон Станишев починал во 1904 година во Никопол, Бугарија (76 г.) Подготвил: Т.К |