Среда, 18 Јануари 2023    PDF Печати Е-пошта
Круме Волнароски – Коља

1krer Круме Волнароски – Коља

Круме Волнароски – Коља (1909 - 9. V 1944) е македонски партизан, комунистички деец и народен херој од Народно Ослободителната Антифашистичка Војна на Македонија (НОАВМ). Станал член на КПЈ во 1941 година и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп, а како илегалец во прилепските села собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО (1942-43). Како секретар на ОК на КПМ учествувал во активностите за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ. Заедно со соборецот Кире Гавриловски бил откриен и куќата била опколена од околу 100 бугарски полицајци. Окупаторските сили успеале да ја запалат зградата и по жестоката оружена престрелка, за да не паднат живи во непријателски раце, се решиле на саможртва.

Круме Ицков Волнаровски е роден во 1909 година во Прилеп. Потекнува од старо семејство, познато по учеството во народноослободителното движење. Тој бил едно од петте деца на Арсена и Ицко Волнароски. По завршувањето на основното и средното училиште, неговите не му дозволие да го продолжи образованието и морал да работи во дуќаните во прилепската чаршија. Како млад покажал особен интерес кон физичките активности. Станал познат гимнастичар и учествувал на натпревари надвор од Југославија.

По завршувањето на воениот рок, Круме се вратил во Прилеп. Отворил бакалница и станал познат како трговец во градот и околината.

Рано се вклучи во работничкото движење. Уште тогаш се дружел со познатиот комунист Кузман Јосифовски. Бил многу активен меѓу револуционерните сили, особено за време на изборните кампањи. Круме имал одлична соработка и политички го поддржал Методија Андонов Ченто да биде на списокот на Зружената опозиција. Исто така, како симпатизер на КПЈ и угледен човек во чаршијата работел на собирање „Црвена помош“. Во 1941 година раководел со „Народна помош“.

Во 1941 година станал член на КПЈ, а во текот на 1942 година работел како илегалец во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп. Во текот на 1942 и 1943 година одел во прилепските села каде собирал народна помош и формирал воени комитети и Народноослободителните одбори (НОО). Во 1943 година станал секретар на Околискиот комитет на Комунистичката партија на Македонија (ОК на КПМ), а по Фебруарскиот поход ја мобилизирал целата околија за соработка со Првата македонско-косовска бригада  во борба со бугарската војска. 

Од крајот на 1943  до 9 мај 1944 година, Круме многу време поминувал во Прилеп. Интензивно работел на покривање на целата секција со мрежата на Народноослободителните одбори и на подготовките за избор на делегати за Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

По еден состанок во мај 1944 година на кој биле поделени полномоштва на делегатите за учество на Првото заседание на АСНОМ и откако тие се растуриле, Круме и членот на ОК на КПМ, Киро Гаврилоски, останале во куќата каде што се одржувал состанокот. Полицијата дознала за оваа средба и куќата била опколена од околу 100 бугарски полицајци.

Кога бугарската полиција ги повикала да се предадат, Круме и Киро Дури повеќе пати ја одбиле понудата за предавање и одговориле со пукање. Притоа успеале да убијат еден и да ранат двајца бугарски полицајци. Борбата траела неколку часа, по што полицајците ја запалиле куќата. Киро се самоубил за да не падне жив во рацете на непријателот, а Круме бил заробен и умрел по мачење на 9 мај 1944 година.

Круме Волнароски – Коља бил прогласен за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.

1Tihomir Подготвил: Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.