|
||||
Георги Измирлиев - Македончето |
Георги Измирлиев (21.IV 1851 – 28. V. 1876) бил револуционер од Македонија, учесник во антиотоманското Априлско востание во Бугарија во 1876 година. Познат како Македончето („Малиот Македонец“), бил помошник на апостолот Стефан Стамболов и војсководец во Првиот трновски револуционерен округ. Тој спровел обемни организациски активности за подготовка на Априлското востание. Поради предаство, Македончето бил заробен и осуден на смрт со бесење. Тој самиот си ја ставил јамката на врат во Горна Орјаховица на 26 април. Георги Димитров Измирлиев е роден на 21 април 1851 година во Горна Џумаја (денешен Благоевград), Пиринска Македонија. Неговиот татко Димитар бил трговец на мало, а неговата мајка Тонка потекнувала од беровско ајдучко семејство. Георги учел во Сер помеѓу 1864-1867 година, а потоа во Цариград, каде што живеел од 1868 до 1873 година. По дипломирањето, тој поминал две години како учител во главниот град на Отоманската империја. Тој учествувал и во општествени активности, делел весници и држел говори. Во есента 1873 година се запишал на Военото училиште во Одеса и бил кадет на 59-от Лублински пешадиски полк на Руската империја. Кон крајот на 1875 година Измирлиев заминал за Ѓургево, Романија, каде што се приклучил на локалниот Револуционерниот комитет како помошник апостол на Стефан Стамболов и војсководец на Првиот револуционерен округ во Бугарија. Тој го добил револуционерниот прекар Русештето, кој бил наметнат поради тајната природа на револуционерната дејност. Младиот Георги Измирлиев, познат како Македончето („Малиот Македонец“) ја преминал реката Дунав на 13 јануари 1876 година и првично се сретнал со Баба Тонка Обретенова во Русе. Потоа пристигнал во градот Горна Орјаховица, одреден за центар на револуционерниот округ. Македончето спровел обемни организациски активности за подготовка на Априлското востание. За три месеци создал нови комитети и привлекол многу истомисленици кои ги обучил за воени вештини. Исто така, тој нашол погодни локации за да можат неговите одреди да ги искористат за ефикасна борба со Османлиите. Априлското востание било прогласено во бугарскиот град Копривиштица на 20 април во 1876 година. Веста за прерано објавеното априлско востание во 4-та револуционерна област (округ) стигнало и до Горна Орјаховица, каде е на 25 април се одржал окружен состанок, на кој присутните апостоли одлучија на 28 април да ги следат своите придружници. Меѓутоа, поради предаство, група револуционери, меѓу кои и Измирлиев, биле заробени од османлиските власти по престрелката во Горна Орјаховица на 26 април. Младиот Македонец бил осуден на смрт со бесење од специјалниот османлиски суд во Трново. Тој бил одведен назад во Горна Орјаховица, каде на 28 мај 1876 година, самиот си ја ставил јамката од јаже на вратот. Делото на Георги Измирлиев Македончето е одбележано во Бугарија со споменици во Горна Орјаховица (изградена 1893–1910) и Благоевград, училишта во Горна Орјаховица и Софија и музејска куќа во Благоевград. Плоштадот на кој се наоѓа зградата на општина Благоевград се вика „Георги Измирлиев - Македончето“. Тихомир Каранфилов |