Среда, 01 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
Алекси Рилец

1de213

Алекси Рилец (1760 - 1850) е архитект, мајстор градител и резбар од Македонија. Тој е припадник на Дебарската (Мијачка) резбарска школа. Познат е по неговата работа на возобновување и одржување на Рилскиот манастир, кој бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски.  

Алекси Рилец е роден во 1760 година во село Лазарополе. Занаетот го научил во родното Дебарско и работел како резбар на многу места во Македонија. Во 1784 година пристигнал во селото Рила за да учествува во изградбата на Рилскиот манастир откако бил ограбен и запален од Турците во 1765, 1768 и 1778 година.  

Рилец учествувал и во проширувањето на Хреловската црква (1784 г. - 1792) и околните манастирски згради - црквата „Свети Лука“ (1796), Костница (1794 - 1795), метохот Пчелино, метохот Орлица, доградбата на црквата „Свети Архангел Михаил“ во село Рила и други. 

Алекси Рилец се оженил во Рила со пејачката Марија Јагоридкова. Во 1783 година се родил нивниот син Димитар Рилец, кој го основал првото ќелијно училиште во село Рила. Меѓу старите куќи во селото е и ќелијното училиште на неговиот син Даскал Димитар, прогласено за архитектонско-историски споменик и прадедовската куќа, прогласена за споменик на културата.  

Во периодот од 1783 до 1815 година,  Рилец учествувал во изградбата на делови од светогорските манастири и државни објекти. Веќе со титула „архитект“, 56-годишниот Алекси Рилец бил повторно поканет во 1816 година да ја проектира и надгледува изградбата на источното, северното и западното крило на Рилскиот манастир. Истите биле завршени во 1819 година, за што сведочат трите спомен-плочи на кои покрај неговото име се појавуваат имињата на игумените Јосиф и Теодосиј.

Рилскиот манастир има уникатна архитектура. Однадвор личи на тврдина. Манастирот блеска со својот гигантски редослед на носечки столбови, со величественото сложено моделирано тело на структурално и архитектонски уникатната магерница (манастирска кујна), висока 24 метри, како и со прекрасно дизајнираните одаи и монашки ќелии. Додека надворешната фасада е строга и студена како карпестите џинови на планината и Хреловата кула (1335), внатрешната, во целосна спротивност со неа, блеска со белина, свежина и бои.

Во 1819 година Алекси Рилец го извајал и го подарил Владичкиот трон на црквата „Свети Архангел Михаил“, учествувал во изградбата на црковниот анекс на „Стара постница“ (1820) и други. 

По разорниот пожар во 1833 година, Алекси Ралец, на 73 години, по трет пат се соочил со урнатините на манастирот. Во 1834 година тој повторно ја предводел неговата реставрација, градејќи огноотпорни ѕидови, што го проектира пред ѕидовите и над покривот.  

Мајсторот Алекси кој во последните 14 години, се стекнал со нови искуства, со оглед на зголемените барања, презел храбри чекори за да го направи манастирот уште повеличествен.

Рилскиот манастир во 1983 година е признат за споменик на светската култура од меѓународната организација „УНЕСКО“.

Алекси Рилец починал во село Рила во 1850 година. 

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.