|
||||
Лазар Попстефанов |
Лазар Попстефанов (1897 – 1941) е македонски комунистички револуционер и офицер, полковник во Црвената армија. Учествувал во Првата светска војна (1916 - 1918) и во Септемвриското востание (1923). Емигрирал во Кралството на СХС, каде што го завршил Правниот факултет. Потоа заминал во Советскиот Сојуз и во Москва ја завршил Воената академија „Фрундзе“. При нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија. Загинал на фронтот. Лазар Иванов Попстефанов е роден на 17 април 1897 година во разлошкото село Банско, Пиринска Македонија, тогаш во Отоманската империја. Тој е син на Иван и Катарина Попстефанови. Се образувал во Банско, Солун, Самоков. Во 1916 година завршил гимназија во Ќустендил, а потоа учествувал во Првата светска војна (1916 - 1918). Стефанов е еден од основачите на Здружението на млади комунисти во Банско. Во 1923 година му помагал на македонскиот револуционер и бугарски политичар, деец на ВМРО (об) и Бугарската комунистичка партија, Владимир Поптомов, кој за време на Септемвриско востание, раководел во реонот на Разлог. За време на Септемвриското востание Стефанов командувал со групата која ја нападнала касарната во Мехомија (Разлог). По задушувањето на бунтот, Лазар Попстефанов успеал да побегне во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Во негово отсуство, тој бил осуден на смрт во Бугарија. По доаѓањето во СХС, Лазар продолжил со своето образование и дипломирал на Правниот факултет. Подоцна зтој аминал во СССР, каде продолжил со својата наобразба. Во 1932 година дипломирал на Воената академија „Михаил В. Фрунзе “. По завршувањето на Воената академија, тој имал различни функции во Црвената армија. За време на нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија. Лазар Попстефанов загинал на Источниот фронт во 1941 година. Подготвил Т.К. |