Среда, 05 Април 2023    PDF Печати Е-пошта
Георге Џика

1cari1

Георге Џика (1600 - 2 XI 1664) бил војвода од Молдавија (1658 – 1659) и од Влашко (1659 – 1660). Тој е основач на семејството Џика, со потекло од Македонија, кое ќе одигра значајна улога во историјата на Влашко и Молдавија, а подоцна и во Кралството Романија, во 17 и 19 век. Семејството Џика произведе многу војводи на Влашка и Молдавија и двајца премиери на Романија. Неколку гранки на семејството постојат и денес.  Основачот на династијата Џика, Георге, бил испратен за амбасадор во Високата порта во Цариград, каде што се зближил со големиот везир Ќуприли Мехмед-паша. Со негова помош станал војвода и за време на неговото владеење, Џика го преселил главниот град на Влашко од Трговиште во Букурешт.

Георге Џика (Гика) е роден околу 1600 година во македонскиот град Велес во влашко семејство, за кое се мисли дека потекнува од Загора, во регионот на Јанина. (Во средината на XVI век во Велес, турски Ќупурли, живееле 214 христијански и 35 муслимански семејства).

Георги како млад му помагал на својот татко Матеј во трговијата. Подоцна семејството се преселило во Молдавија. Собирајќи солидно богатство, Џика бил прифатен во богатите кругови. Во времето на Василиј Лупу, војвода на Молдавија, чије семејство потекнувало од Епир, Грегорие Џика бил донесен на дворот, а подоцна бил испратен како амбасадор во Високата порта во Цариград, каде што се зближил со големиот везир Ќуприли Мехмед-паша.

Георги Стефан, наследникот на Лупу, го задржал како агент и за да го удостои за функцијата, му ја дал својата внука за жена на неговиот син. Меѓутоа, во март 1658 година, со помош на неговите влијателни пријатели во Отоманската империја, Џика бил назначен за војвода на Молдавија на местото на отстранетиот Георги Стефан.

Всушност, Георге Џика (војвода на Молдавија (1658–59), војвода на Влашка (1659-1660)), неговиот син Григоре (војвода на Влашка, 1660–64) и синот на Василе Лупу, молдавскиот господар Стефаница Лупу  (1659-1661) сите беа назначени од Ќуприли Мехмед-паша, кој сакал преку нив да ја зацврсти позицијата во тој регион.

Доаѓајќи на власт, Џика влегол во сојуз со трансилванскиот принц Ѓорѓе II Ракоци (George II Rákóczi),. Но, тоа не му помогнало да се справи со Константин Штербан Басараб, кој ја загубил власта во Влашко, преминал во Молдавија и успеал да ја преземе власта таму, протерувајќи го Џика. За да го отстрани својот ривал, Џика за возврат ги ангажирал Кримските Татари и ја вратил власта.

Во декември 1659 година, Турците, со помош на платеничките татарски трупи, го поразиле резбунтуваниот влашки принц Михња III, кој барал спас во Трансилванија. Високата порта му го доделила владеењето на Влашка на Георге Џика, но тој ја задржал власта само до 1 септември 1660 година, бидејќи не успеал да најде поддршка меѓу болјарите.

Во истиот месец, Георге го абдицирал своето владеењето во корист на неговиот син Григоре I Џика, кој бил на чело на вазалското кнежество во следните четири години до 1664 година.

За време на неговото владеење, Георге Џика го преселил главниот град на Влашка од Тарговиште во Букурешт.

Од Георге Џика потекнуваат бројни гранки на семејството кои станале забележителни во историјата на Молдавија и Влашка, а подоцна и во Кралството Романија, во 17 и 19 век. Семејството Џика произведе многу војводи на Влашка и Молдавија и двајца премиери на Романија. Неколку гранки на семејството постојат и денес. 

Георге Џика починал на 2 ноември 1664 година во Цариград.

Т.К

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.