Среда, 19 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
Ордан Чопела

111

Ордан Чопела (1912 – Битола, 9. IV 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ. Познат е под певдонимот Кулак. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници. Во 1940 г, бил примен и за член на КП во Македонија. По фашистичката окупација на Македонија станал член на МК и на Воената комисија. Учествувал во партизанскиот напад на Прилеп на 11 октомври 1941 г. Во декември бил испратен на партиска работа во Битола. Неколку месеци потоа загинал во борба со бугарската полиција. Во 1949 г. бил прогласен за народен херој.

Ордан Ставрев Чопела Јордан Чопела (псевдоним Кулак) е роден во 1912 година во селото Варош, Прилепско. Потекнувал од земјоделско семејство кое одгледувало тутун. Кога пораснал, се занимавал со тутунопроизводство и бил сезонски работник во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Како член на синдикатите на УРС и како член на штрајкувачкиот одбор, на 4 април 1938 година, учествувал во штрајкот на повеќе од 2.000 работници.  Истата година, Орде бил и активен агитатор на изборите.

Во 1940 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија. Работел во Здружението на тутунопроизводители. За организирање штрајк против испорака на тутун во Монопол, по ниски откупни цени, бил повикан на воена вежба. И таму организирал бунт, кога резервистите истуриле тенџериња со храна, за што поминал три месеци во истражен затвор.

По Априлската војна и окупацијата на Кралството Југославија, како член на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп, работел на организирање на востанието. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп била формирана Прилепска воена комисија.

Орде учествувал  во организирањето на Прилепскиот партизански одред. Често одел во Одредот и како член на Локалниот оперативен штаб пренесувал директиви. На 11 октомври 1941 година учествувал во нападот на партизанскиот одред на Прилеп.

Во јануари 1942 година, според директивата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, Орде бил префрлен на работа во Битола, каде требало да и помогне на тамошната партиска организација во подготовките за формирање на партизански одред.

Бугарската полиција веднаш по заминувањето за Битола дознала за неговото присуство во градот и му влегла во трага. Во раните утрински часови на 9 април 1942 година, полицијата ја опколила куќата во која тој ја поминал ноќта. Во нерамноправна борба бил тешко ранет и заробен. Истиот ден им подлегнал на раните.

По повод 2 август, Илинден, со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНР на Југославија број 211/49, на 1 август 1949 година е прогласен за народен херој.

(извор: М.Е. Скопје, 2009)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил Т.К.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.