Среда, 10 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Славка Динкова

3 copy

Славка Динкова (1848 – 19. IV 1869) е културно просфетен деец, прва позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија.  Славка го водела првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик“ (1866–1868) и објавувала феминистички статии во весникот „Македония“ (1868).Таа со својата дејност оставила силен белег во времето во кое живеела и помогнала за надминување на препреките во однос на женското образование.

Славка Костадинова Динкова е родена во 1850 година во Солун во семејството на истакнатиот преродбеник Константин (Динката) Држилов и неговата сопруга Велика, со потекло од Охрид. Семејството Динкови –Држиловци, кое потекнувало од селото Држилово, Негушко, Егејскиот дел на Македонија, со цел да се спречи грчкото влијание, во средината на 19 век отвориле книжарница и печатница, како и училиште на народен јазик во Солун. За ова се заслужни браќата Кирјак и Константин Држилович (Динката), татко на Георги и Славка Динкова.

Славка рано започнала да се образува. Учела во грчко училиште, кое го завршила на дванаесет години, а веќе наредната се запишала во француско училиште на милосрдните сестри, кое го завршила за две години. Така покрај грчкиот одлично го владеела и францускиот јазик. Со помош на нејзиниот брат Георги се стекнала и со писменост на мајчин јазик.

Во 1866 година, поттикната од нејзината мајка Велика, Славка го отворила првото македонско женско народно училиште во мајчината куќа во Солун. Таа бесплатно ги обучувала своите ученици, со изучување на „мајчин јазик и грцкиј, со ракоделија“ (мајчин јазик, грчки и везење) Во однос на бројот на ученичките, првата година започнала со една, а завршила со три ученички. Втората година започнала со 13, а завршила со 30 ученички, додека, пак, третата година започнала со 28 ученички. Училиштето ја одржала првата прослава во Солун на празникот Свети Кирил и Методиј во Солун во 1868 година. Испитот за ученички се одржал по „чист македонско-бугарски јазик“.

Поради бесплатното образование, училиштето имало потреба од материјална помош и помош во книги и учебници. Најмногу пари вложило самото семејство Држилович и солунскиот шивачки еснаф. Одредена сума пари дале и некои граѓани од Велес, Битола и од Прилеп, како и самите ученици. По тој повод, Славка објавила благодарници до донаторите во весниците во Цариград.. „Во дописката од Динкова упатена до весникот Македонија, таа му се заблагодарила на  ... г. Д. Х. Узунов, кој кога поминал низ градот, ... го посетил новоотвореното училиште и подарил 25 букварчиња од неговите за да се употребуваат од сиромашни ученици“.

Во тоа време, Славка била единствената македонска учителка која активно се вклучила во преродбенско-просветителските активности на новоформираната македонска интелигенција. Активностите што ги презела таа ја направиле една од првите македонски преведувачки од француски и од грчки јазик, една од првите македонски учителки, прва жена новинар во Македонија и прва позната жена борец за еманципација на жените во Македонија.

Славка Динкова ги објавила своите ставови за образованието и воспитувањето на девојчињата. Испечатени се на страниците на весникот „Македонија“ во четири броја од 1868 година. Таа подготвувала книга, која се надевала дека ќе биде објавена, со различни мислења, вклучително и нејзините, за образованието на девојчињата. Пишува или преведува од француски педагошки материјали за образованието. Таа се спротивставувала на тезата дека на жените им треба само домашно образование или само основно знаење. Настојувала да го убеди конзервативното општество дека на мажите им требаат разумни жени да се грижат за нив, домот и воспитувањето на децата, па затоа морало да се развие сеопфатен систем за воспитување и образование на девојчињата.

Прераната смрт на Славка Динкова во мај 1869 година ја прекинала работата на училиштето - не работи од летото 1869 година и го одложило образованието на девојки во Солун за една деценија.

(извор:М.Е. Скопје, 2009, стр. 475:  https://spektar.edu.mk/sp/wp-content/uploads/2021/06/slavcho-koviloski-slavka-dinkova_s-literary-and-educational-engagement.pdf)

 1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.