|
||||
Георги Саракинов |
Георги Саракинов (1887 - 1971) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој e правнук на Ангел Гацо, кој одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година. Во 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија и учествувал во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија. Георги Гоцев (Гацев) Саракинов е роден во 1887 година во воденското село Саракиново, но живеел во Воден.Тој е син на Гацо Саракинче и правнук на Ангел Гацо, кој при избувнувањето на Грчкото востание одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година. Во 1902 година завршил трговски курс на Солунската машка гимназија, а потоа помеѓу 1903 и 1905 година студирал во високото трговско училиште во Лајпциг. Од 1905 до 1911 година работи како учител во Солунската машка гимназија. Член е на Солунскиот окружен комитет на Македонската ослободителна организација. По Втората балканска војна емигрирал во Бугарија. По војните се населил во Бургас, каде 25 години работел во американската компанија „Стандард Оил“. Потоа, до 1943 година работел во претставништвото во Софија на американската компанија Сакони Вакуум. Во јануари 1937 година, тој бил избран за потпретседател на Воденското добротворно братство во Софија. На оваа функција останал до 1941 година. Во мај 1941 година, Георги Саракинов заедно со Андон Калчев, Васил Стумбов, Спиро Василев и Тома Бакрачев основале македонско-бугарски комитет во Лерин, Костур и Воден. Но, тој бил протеран поради конфликт со германските окупаторски власти. По 9 септември 1944 година го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија“ и учествува во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија. Апелот кој е објавен во средината на септември 1944 година во Софија, Бугарија, е обраќање на 29 активисти поранешни дејци на ВМРО (обединети), до македонските иселенички организации во Бугарија, чија главната задача била придобивка за помош од македонскиот народ за народното ослободување и обединување на Пиринска Македонија кон новоформираната ДФ Македонија (име од 2 август 1944 до 8 март 1946 година). Георги Саракинов починал во 1971 година во Софија. Подготвил: Т.К. |