Среда, 02 Јануари 2019    Печати
НА КОЛЕНО ЌЕ ТЕ ЗАПИШАМ

kolenoТоме Велков

НА КОЛЕНО ЌЕ ТЕ ЗАПИШАМ

 

на моето колено ќе те запишам

на грбот ќе те носам

бос по светот ќе одам

само да те сочувам од

кодошите

предавниците

убијците

само да те имам

да се фалам

да те покажувам

и гордеам

што си моја земја напатија.

ако те има, Господе

помогни ѝ на оваа мајка намачена

да не раѓа веќе предавници

зашто од нив си страдаме.