|
||||
НА КОЛЕНО ЌЕ ТЕ ЗАПИШАМ |
Томе Велков НА КОЛЕНО ЌЕ ТЕ ЗАПИШАМ
на моето колено ќе те запишам на грбот ќе те носам бос по светот ќе одам само да те сочувам од кодошите предавниците убијците само да те имам да се фалам да те покажувам и гордеам што си моја земја напатија. ако те има, Господе помогни ѝ на оваа мајка намачена да не раѓа веќе предавници зашто од нив си страдаме. |