Среда, 08 Мај 2024    Печати
ЗА БРАНИТЕЛИТЕ И ОСУДЕНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

thumbnail copy copy copy

Иван ТРПОСКИ

Алманах посветен на бранителите на Македонија
 
На 27-ми април во Факултетот Скопје се оджа промоција на Алманахот број 4 под името „27-ми април лето господово 2017-то“. Алманахот го издаде Хуманитарната организација „Феникс“ од Скопје во иницијатива на претседателката Билјана Целиќ и подршката на Ректорот Аце Миленковски.
 
Датумот 27-ми април 2024 се совпаѓа со 27-ми април 2017 Лето Господово во чест на бранителите на Македонија, и на сите тие кои се бореа и се борат за опстанок на македонштината.
 
На промоцијата настапи и оперскиот вокалист Давид Миладинов. Секој патриоски стих беше испеан  со емоции, ја будеше и ежеше секоја пора и клетка во телото. Бранови од емоции врвеа низ вените, кнедла во грло гушеше но крвта од дамарот се разлеваше низ срцето кое бие за Македонија.  
Како и во претходните алманаси и во овој со своја поезија беа преставени поетите Иван Трпоски и Оливера Јовановска, членови во Литературното друштвото „Григор Прличев“ 

--------------------------

ЗА БРАНИТЕЛИТЕ И ОСУДЕНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА 

Колку пати сонцето ќе не угрееше

толу пати срцето ќе ни се развеселеше

а бевме народ од искона создан

на свој камен свое име запишувавме...

 

Но некој посака да ни го избрише,

уста да ни затвори – да не замолчи.

 

Ох, колку е мачно да си туѓинец на своето:

да метаничиш – аминуваш – извршуваш,

сам оглав на врат да си поставуваш...

 

Ами утре, ќе има ли утре и за нас?

 

Ами утре, ако гневот надвладее над тупаницата,

ќе бидеме ли повторно народ,

или со запишан симбол на ракавите

ќе не испратите сургон, на робија во Идризово!

 

Ех, Македонијо, Македонијо - мајко страдалнице...

уште колку ли гробови ќе треба да наполнеш

за да бидеш од Македончена!?