|
||||
ЗА БРАНИТЕЛИТЕ И ОСУДЕНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА |
Иван ТРПОСКИ Алманах посветен на бранителите на Македонија
На 27-ми април во Факултетот Скопје се оджа промоција на Алманахот број 4 под името „27-ми април лето господово 2017-то“. Алманахот го издаде Хуманитарната организација „Феникс“ од Скопје во иницијатива на претседателката Билјана Целиќ и подршката на Ректорот Аце Миленковски.
Датумот 27-ми април 2024 се совпаѓа со 27-ми април 2017 Лето Господово во чест на бранителите на Македонија, и на сите тие кои се бореа и се борат за опстанок на македонштината.
На промоцијата настапи и оперскиот вокалист Давид Миладинов. Секој патриоски стих беше испеан со емоции, ја будеше и ежеше секоја пора и клетка во телото. Бранови од емоции врвеа низ вените, кнедла во грло гушеше но крвта од дамарот се разлеваше низ срцето кое бие за Македонија.
Како и во претходните алманаси и во овој со своја поезија беа преставени поетите Иван Трпоски и Оливера Јовановска, членови во Литературното друштвото „Григор Прличев“
-------------------------- ЗА БРАНИТЕЛИТЕ И ОСУДЕНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Колку пати сонцето ќе не угрееше толу пати срцето ќе ни се развеселеше а бевме народ од искона создан на свој камен свое име запишувавме...
Но некој посака да ни го избрише, уста да ни затвори – да не замолчи.
Ох, колку е мачно да си туѓинец на своето: да метаничиш – аминуваш – извршуваш, сам оглав на врат да си поставуваш...
Ами утре, ќе има ли утре и за нас?
Ами утре, ако гневот надвладее над тупаницата, ќе бидеме ли повторно народ, или со запишан симбол на ракавите ќе не испратите сургон, на робија во Идризово!
Ех, Македонијо, Македонијо - мајко страдалнице... уште колку ли гробови ќе треба да наполнеш за да бидеш од Македончена!?
|