|
||||
Свети Трифун во Зубовце |
Свети Трифун се слави на 14 февруари, именден слават Трифун и Трифе. Во Зубовце на овој ден во 10.00 часот се оди во лозје кај крстот каде што свештеникот кажува молитва и осветува вода, а во 11.00 часот во Црквата „Света Огнена Марија“, се кршат две погачи а во секоја има паричка. Кај кого ќе паднат паричките тие ќе бидат кумови за наредна година. Веќе традиционално еден од кумовите да биде жител на Зубовце а еден од гостите. Од памтивек во Зубовце св. Трифун го прославуваат на 14 февруари како заштитникот на виновата лоза и на овошките. По традиција, се излегувало на лозјените насади и со молитва се закројувале неколку прачки. Зубовчани редовно знаеле да се напијат “машки“ за овој празник. |