|
||||
| 19 Октомври-недела – Денот кога со заокружување на бројот 9 Македонија повторно ќе се исправи! |
|
Предолго гледавме како ја газат Македонија, како ја претвораат во политичка лабораторија на експерименти и интереси. Ни го менуваа името, историјата, идентитетот. Ни зборуваа дека тоа е напредок, а ние чувствувавме како срцето ни крвари. Ни ветуваа живот, а ни подарија срам и сиромаштија. Но, овие избори не се само локални. Тие се испит на совеста. Испит на вербата во тоа што сме, што сакаме и каде сакаме да останеме да живееме. На 19 октомври, кога ќе го земеш гласачкото ливче во рака, запомни–тоа не е само парче хартија. Тоа е гласот на твојата општина, твојот град, твојата улица, твоето маало што ти вели: стани, не се предавај, не заборавај од кај си и кај си израснал! Направете го вистинскиот избор. Со твојот човек. За твоето место. За твојата иднина! Со верба, љубов и надеж кон твојата општина и кон татковина!
|






















