Среда, 20 Март 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

plm1

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН И „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО ВИНДЗОР

Во Хамилтон, во 1969 година митрополитот г. Кирил даде благослов за купување на Баптистичка црква и отслужи богослужба на македонски јазик. Денес црквата „Свети Наум Охридски” е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Хамилтон и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија. Во 1969 година се јави иницијатива за формирање црковната општина „Свети Никола“ во Виндзор. Како основа за почетните активности беше отслужувањето на првата богослужба на македонски мајчин јазик, што во Виндзор и Детроит ја изврши митрополитот г. Кирил, во 1970 година

Во Хамилтон, градот што е сместен на југозападната страна на езерото Онтарио и кој се вбројува меѓу водечките центри на железната индустрија во Канада, со успех работи МПЦО „Свети Наум Охридски-Чудотворец“. Во овој развиен индустриски град што се наоѓа на крстопатот меѓу Торонто и Нијагара, Македонците почнале да се доселуваат уште во дваесеттите години од минатиот век. Првите доселеници биле претежно од Леринско, од Битолско, од Костурско и од Преспанско, меѓу кои беа: Пандо Христов, Крис Јанев, Никола Гулис, Крис Анастсов, Спиро Карфил, Лазо Василев и др.

Бидејќи на северниот дел на езерото Онтарио, во Торонто, веќе постоеше црквата „Свети Кли мент Охридски“, што потсетуваше на Охридското Езеро и на самиот Охрид, по иницијатива на митрополитот г. Кирил беше одлучено црквата во Хамилтон да го носи името на Наум Охридски, другиот голем просветител, лекар, чудотворец и современик на Климент Охридски.

Како и во Торонто, и во Хамилтон, иницијатор за формирањето на македонската црковна општина беше националната организација „Обединети Македонци” - гранка Хамилтон, чиј прв претседател и организатор на голем број културно-просветни манифестации, каде што се негуваа македонските национални обичаи и традиции, беше Симе (Сем) Клашов, во соработка со видни македонски доселеници, меѓу кои, Петре Василев, Ахил Јанев, Михајло Николовски - Мајорчето, Коста Романовски, Трпе Сариевски, Јордан Гичевски и дуги, како и свештеникот Дане Илиевски, кои во почетните години постигнаа видни резултати.

Во 1969 година митрополитот г. Кирил даде благослов за купување на Баптистичка црква и отслужи богослужба на македонски јазик. За прв претседател на одборот и на Црковната управа беше избран Спиро Карфил, истакнат иселеник и бизнисмен по потекло од селото Раби, Долна Преспа, кој на 24 февруари 1970 година, заедно со другите членови на Управата, успеаја овој духовен и културен центар да го регистрираат кај канадските власти.

plm2

МПЦ „Свети Наум Охридски“ во Хамилтон

На 9 мај 1971 година, во присуство на голем број македонски иселеници од Хамилтон, Торонто, Бафало, Лакавана, Нијагара, Рочестер и од други места, на свечен начин беше осветена МПЦО „Свети Наум Охридски“. Чинот на осветувањето го изврши дебарско-кичевскиот митрополит г. Методиј во сослужение со свештениците Нестор Поповски, Борис Поповски, Атанас Поповски и ѓаконот Александар Цандовски. Потоа почна силен подем на активности, на чело со Женската и другите секции.

Денес црквата „Свети Наум Охридски” е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Хамилтон и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија. Овој црковно-национален дом е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Тоа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата.

Исто така и Виндзор е еден од позначајните економски, административни, културни и стопански центри на провинцијата Онтарио. Градот е основан во 1834 година. Во него главна стопанска гранка е автомобилската индустрија. Виндзор е универзитетски град и претставува важен железнички јазол што ја поврзува Канада со САД.

Во Виндзор, најјужниот град на провинцијата Онтарио и на Канада, кого заради убавите и пространи паркови и цветни градини, често го нарекуваат „град на цвеќето", е изградена Македонската православна црква „Свети Никола“. Co овој привлечен и убав град, лоциран од левата страна на реката Детроит што ги поврзува езерата Ири и Хјурон се сврзани бројни стории на Македонија. Токму поради тоа што е наспроти светската метропола на автомобили - Детроит, од секогаш бил магнет за македонските доселеници.

plm3
Црквата „Свети Никола“ во Виндзор

Македонците во Виндзор се едни од првите кои се организирале на национално-културно поле на североамериканскиот континент и кои формирале една од најхомогените македонски иселенички колонии. Најпрво се започна со младинска организација и со фудбалски клуб, а потоа во 1969 година се јави иницијатива за формирање црковната општина „Свети Никола“. Како основа за почетните активности беше отслужувањето на првата богослужба на македонски мајчин јазик, што во Виндзор и Детроит ја изврши митрополитот г. Кирил, во 1970 година.

Во 1979 година е завршена изградбата на црквата „Свети Никола“, а на 12 август истата година митрополитот г. Кирил во сослужение со бројни свештеници од Канада и САД, а во присуство на голем број македонски иселеници од Виндзор и од Детроит ја освети изградената црковна зграда, која претставуваше гордост на Македонците.

Мегутоа, на 4 мај 1980 година, под непознати околности во стихиен пожар, црквата изгоре. По една година црковната зграда беше обновена со помош на канадската влада и добротворноста на Македонците од Виндзор и Детроит. Новоизградената црква е осветена на 9 мај 1982 година од митрополитот г. Кирил.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, македонската православна црковна општина „Свети Никола“ е вистински центар и собиралиште на Македонците, во кој голем труд и време вложиле поранешните претседатели Спиро и Марк Бранов, Ник Џорџ, Стенли Димов, Томе Дамчевски, Ѓорче Котевски, Љупчо Анчески и голем број други истакнати доселеници од македонско потекло и парохиските свештеници Дане Илиевски, Митко Поповски, д-р. Александар Мустеников и др.

plm4

Иконостасот во „Св. Никола“

Покрај наведените цркви кои ги осветил митрополитот г. Кирил, додека бил надлежен архиереј на Американско-канадско-македонската православна епархија, заедно со другите надлежни архиереи на Епархијата учествувал на осветување или вршел богослужби и во други цркви во Канада.

Така, поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Михаил и митрополитот г. Кирил одржаа прва богослужба во МПЦ „Света Мала Богородица“ во Кембриџ, Онтарио на 21 септември 1994 година. Тогаш тие се сретнаа со поголема група доселеници од македонско потекло од Кембриџ и околните места. Оваа средба остави силен впечаток кај присутните и ги поттикна да преземат бројни активности на духовен, културен и национален план.

Камен-темелникот за црквата „Света Недела“ во Пикеринг,пак, го поставија поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан заедно со митрополитот г. Кирил и архимандритот Никодим Царкњас, на 17 септември 2000 година. По две години, на 8 септември 2002 година, храмот е осветен од нив и во него се вршат сите обреди за Македонците од тој дел на Канада. Потоа, митрополитот г. Кирил заедно со архиепископот г.г. Стефан ги поставија темелите на „Свети Илија“ во Мисисага, Онтарио на 7 септември 2002 година, а извршија и осветување на храмот во 2006 година.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (22)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ  „РАЃАЊЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ В...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (19)

ЕСМИНИ ТУРНЕИ НА МУЗИЧКИТЕ СЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.