Среда, 14 Август 2019   
Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

Ferid1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Ферид Мурад потекнува од мултикофенсионално семејство. Неговиот татко како македонски Албанец бил муслиман, додека неговата мајка била католик. Неговите браќа станале католици кога се ожениле со жени католички, а Ферид уште кога бил во колеџ бил крстен во Епископална црква, христијанска англиканска црква и постанал христијанин. Неговата сопруга Хенриета припаѓа на Христијанска презвитеријанска црква, а од нивните ќерки, на  едната  мажот и е Евреин, а на другата католик по вероисповед

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. Поради своето потекло од Гостиварско, тој е длабоко поврзан за Македонија, каде бил на неколку наврати. Според биографските податоци, д-р Ферид Мурад е роден на 14 септември 1936 година, во Вајтинг, Индијана.

Неговата мајка била Американка и се викала, Хенриета Џозефина Баумен. Таа била родена во 1918 година во Алтон, Илиноис и била трета од шесте преживеани деца на Елизабет Лилијан и Андреј Орви Бауман (кој бил од славјанско-еврејско потекло). Хенриета завршила само основно образование, по што морала да престане со наставата бидејќи требало да помага во домот и да се грижи за браќата и сестрите. Браќата на Ферид, Џон Абдерхаман (Абдураман) и Турхон Ален се родени во 1938 и 1944 година, исто  така, во САД.

По машка линија, пак, неговиот татко Џабир Мурат (Ејупи) бил роден во гостиварското село Лакавица во 1892 година и бил најстар од четирите деца. Неговата мајка починала кога тој имал 13 години. Таткото на Џабир и неговото семејство биле овчари, затоа тој како тинејџер избегал од дома и отишол да продава бонбони низ балканските земји. Пред да умре на возраст од 84 години, во 1976 година со својот син отишол да ја посети  родната Лакавица.

Инаку, селото Лакавица е сместено на јужниот дел од Гостивар од каде е оддалечено седум-осум километри. Тоа се наоѓа во горниот дел на историската област Полог, распослано на истоимената река, која е прва и значајна притока на реката Вардар. Селото се наоѓа долж железничката пруга Кичево-Гостивар, над кое на југозападната страна се издига планината Буковик, а источно се вишнее Сува Гора. Тоа е населба со околу илјада жители со муслиманско население.

Ferid2

Гостивар

Инаку, иселеничката приказна на Џабир Мурат започнала од Австрија, кога со група млади бегалци од Балканот во 1913 година со брод заминал за САД. Како и сите емигранти морал да помине преку Бирото за емиграција на островот Елис, кај Њујорк. Таму го запишале како Џабир Мурад (наместо со „Т“ со „Д“), а бидејки во тоа време Македонија ја распарчувале (делеле) соседните земји, а Албанија само што била конституирана во 1912 година. Веројатно, Џабир изјавил или, пак, од американската администрација бил запишан  дека е од Албанија. 

Од Њујорк со група емигранти од Балканот, претежно Македонци, Џабир Мурад, кого го викале Џон Мурад, заминал за Кливленд, а од  таму за Детроит и на крајот се преселил во Вајтинг, Индијана каде на 39-годишна возраст во 1935 година  се оженил со Хенриета.

Ферид Мурад потекнува од мултикофенсионално семејство. Неговиот татко како македонски Албанец бил муслиман, додека неговата мајка била католик. Неговите браќа станале католици кога се ожениле со жени католички, а Ферид уште кога бил во колеџ бил крстен во Епископална црква, христијанска англиканска црква и постанал христијанин. Неговата сопруга Хенриета припаѓа на Христијанска презвитеријанска црква, а од нивните ќерки, на  едната  мажот и е Евреин, а на другата католик по вероисповед.

Интересно е да се спомене дека Евреите препознаваат националност по мајка, Албанците, пак, немаат правило и доколку едниот родител е Албанец, личноста ја прават дека е Албанец. Точка. Такви се случаите со света Мајка Тереза, која по татко Македонка е христијанин, а по мајка муслиманка е Албанка. Истиот или сличен случај е и со нобеловецот професор д-р Ферид Мурад, кој се декларира како христијанин, иако по татко е муслиман Албанец, а по мајка католик, Американец, за Албанците е Албанец. За жал, само Македонците бараат родителите да бидат  ептен „чисти“ Македонци, па тогаш личноста е Македонец, а со мешани бракови  се декларираат како им одговара, што не е исправно и добро,  бидејќи ние етничките Македонци сме изгубиле многу видни личности во светот кои водат македонско потекло (н.з).

Во биографските податоци на Ферид Мурад се вели дека, бидејќи неговите родители не можеле да си дозволат да му ги платат  трошоците за неговото образование, затоа уште кога започнал да учи во колеџ и на факултет добил стипендија. По завршувањето на колеџот успеал да се запише на Универзитетот „De Pauw“ во Гринкасл, каде студирал во периодот од 1954 до 1958 година. За време на студирањето често се обидувал да работи и дополнително, се со цел за да ги покрие големите трошоци.

Во 1957 година за време на распустот, во Форт Лодердејл, Флорида, се сретнал со  неговата идна сопруга Керол Ен Леополд, со која почнал да се забавува. Неколку недели по завршувањето на студиите на Универзитетот „DePauw“, односно на на 21 јуни 1958 година се венчале.

Исто така, во неговите биографски податоци е запишано дека по завршувањето на универзитетот, Ферид Мурад како доктор работел на повеќе работни места. Често пати и напорни ноќни смени. Потоа решил да оди во Општата болница во Масачусетс  (1965-1967), каде што бил со светски водечки научници, професори и лекари. Се вработил во  американскиот Институт за национално здравство (NIH) каде останал повеќе од три години (1967-1970). Потоа, од Универзитетот во Вирџинија бил повикан да развие нов клинички фармаколошки оддел во Департманот за медицина со назнака, како вонреден професор по медицина и фармација. На Факултетот на Универзитетот во Вирџинија се приклучил на 1 септември 1970 година. Таму останал до 1981 година, каде што бил промовиран и како еден од најмладите професори во 1975 година.

Ferid3

Како претседавач на медицина или фармација, тој бил во можност да види многу универзитети низ целата земја. Потоа, во јули 1981 година, решил да оди на Стенфорд како шеф по медицина на Болницата за воени ветерани во Пало Алто. Таму бил и професор по медицина и фармакологија и соработник на претседателот. Во 1993 година заминал од „Abbott Laboratories“, една од најголемите американски фармацевтски компании, за да биде основач, претседател и извршен директор на новата биотехнолошка молекуларна геријатриска корпорација (Molecular Geriatrics Corporation). Планот бил да се создадат уште поинтензивни истражувања базирани на биотехнолошката компанија, но, за жал, овој проект пропаднал, па Мурад заминал за Тексас,каде  во април 1997 година, на Универзитетот во Хјустон станал претседател на одделот Интегративна биологија.

Додека работел во Хјустон, во 1998 година заедно со уште двајца научници  ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина, поточно „За откривањето на улогата на азотниот оксид како сигнален молекул во регулирањето на кардиоваскуларниот систем“. Покажал дека нитроглицеринот и сличните лекови дејствуваат како вазодилататори во формирањето на телото на азотен оксид NO, кои дејствуваат како сигнални молекули и имаат релаксирачки ефект врз крвните садови. 

Тие пронашле дека нитричкиот оксид ги проширува крвните садови и дејствува врз мозокот, срцето и другите органи. Тој се користи и кај предвреме родените бебиња, кај кои е помало нивото на кислород во крвта, зашто го зголемува и тие можат подобро да дишат. Помага и во зараснувањето на раните, а дејствува и врз коагулацијата на крвта. Околу 70 компании во светот имаат продукти што го содржат овој молекул, наречен нитрички оксид..

По добиената Нобелова награда, професор д-р Ферид Мурад продолжил како претседател на Одделот за интегративна биологија и фармакологија на Универзитетот Тексас, кога му било понудено да биде директор на Институтот за молекуларна медицина што тој ја прифатил.

Исто така, по добивањето на наградата се зголемиле неговите активности, па посетил повеќе од 40 земји во светот. Бил канет на различни средби со познати имиња во светот, посетувал болници, учествувал на конференции, научни собири, семинари итн. Меѓу другото, се сретнал со претседателот на Палестина Јасер Арафат, израелскиот премиер Нетанјаху, претседателите на: Тајван Ли и Чен, претседателот на Хонг Конг -Тунг, претседателот на Албанија Медани, претседателот на Македонија Борис Трајковски, премиерот на Кина  Вен Џиабао, претседателите  на САД - Бил Клинтон и Џорџ Буш, како и со многу конгресмени, сенатори, гувернери и градоначалници.

Ferid4

Вашингтон

Интересно е да се одбележи дека по добивањето на Нобеловата награда на Ферид Мурад му се оддадени големи почести, особено од Албанците и тоа: Гостиварската општа болница го носи неговото име; прогласен е и за почесен граѓанин на скопската Општина Чаир и Косово; за време на неговата посета во 2012 година, тој бил прогласен и за почесен доктор на науки на државниот Универзитет во Тетово; една улица во Скопје го носи неговото име; Исто така, тој е и почесен академик на Косовската академија на науките и уметностите.

Инаку, професор д-р Ферид Мурад е голем лобист за Македонија, а неговите успеси ги припишувал и како успеси на Македонија. Затоа, во јуни 2011 година од Министерството за здравство на Македонија му е врачена Благодарница за придонесот и развојот на медицината во Македонија. На 10 мај 2000 година МАНУ го избра за член надвор од работниот состав, а претседателот Ѓорге Иванов го одликува со Медал за заслуги за Македонија, за неговиот значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Соединетите Американски Држави.

Ферид Мурад поради своето потекло од Гостиварско, длабоко е врзан за Македонија. Во неколку наврати бил во Македонија. Така, во 2000 година тој со својата ќерка бил во Гостивар, и во тој период таа посвоила 3-месечно бебе,. 

Тој бил  гостин и на Министерството за иселеништво, кога и авторот на овие редови Славе Катин, заедно со министерот Мартин Треневски водеа разговори и имаа пријатни мигови на другарување во Гостивар, Кичево и Охрид.

Првиот семакедонски конгрес на лекари, стоматолози и фармацевти од македонско потекло во дијаспората, а во организација на тогашното Министерство за иселеништво,всушност, беше собир на стотина лекари, стоматолози и фармацевти и повеќе од триста од Македонија. Овој Конгрес го започна д-р Ферид Мурад од САД. Во своето пригодно излагање од 30 минути тој ги пренесе  основните и најзначајни постигнувања во неговата долгогодишна истражувачка дејност, за што ја доби Нобеловата награда.

Продолжува

Katin6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.