Среда, 05 Август 2020   
ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКИОТ АМЕРИКАНСКИ МЕДАЛ ЕЛИС АЈЛАНД (ELLIS ISLAND) (11)

3.0.0

Медалот на честа „Елис Ајланд“ (Ellis Island) им се дава во спомен и им оддава признание на Американците од какво било етничко потекло кои дале значителен придонес кон американското општество. Тој се доделува еднаш годишно од страна на Националната етничка коалиција на организации (НЕЦО) - покровителна група од повеќе од 250 организации која го опфаќа спектарот на етничките наследства, култури и религии.

Овој медал е прикладно именуван „Елис Ајланд“, бидејќи по многу нешта Елис Ајланд е траен симбол на емигрантските корени и различноста кои ја карактеризираат американската голема нација. Ѓорѓиja–Џорџ Атанасоски е еден од оние кои го примиле овој медал. Америка отсекогаш била засолниште/прибежиште за легалните имигранти од целиот свет кои доаѓаат до американските брегови со еден едноставен сон; ковајќи нов живот во земјата на можностите и слободата - слобода од религиозно, економско, политичко или етничко прогонување.

Кога имигрантската станица на Елис Ајланд, во Њујорк, беше отворена на 1 јануари 1892 го- дина, на 700 имигранти им беше дозволено да поминат низ неа само во текот на тој прв ден. До времето кога овој центар беше затворен во 1954 година, 17 милиони имигранти поминале низ неговите врати. Администрацијата и персоналот на Елис Ајланд просечно дневно процесуираа по 5 009 луѓе.

Многу од овие новодојденци слабо зборувале англиски, речиси немале пари и пристигнувале само со она во што биле облечени. Наспроти таквите предизвици, сите тие биле спремни да ги ризикуваат своите животи за можноста да изградат еден подобар живот за нив самите и за нивните семејства.

3.0.1  3.0.2

Медалот „Елис Ајланд“ е воведен во 1986 година за да им се оддаде чест на оние поединци кои - преку својата лична истрајност, жртвување и успех - помагаат Америка да остане на чело на науката, бизнисот, спортот, забавата, истражувањата во здравството и на безброј други важни полиња. Претставувајќи виножито на етничко потекло, наградените од 2005 година својата награда ја примија на 14 мај (косар) 2005 година, во сенката на историската Голема сала каде милиони имигранти, кои дошле во САД во втората половина на XIX век, ги направиле првите чекори кон еден нов живот.

На 14 мај (косар) 2005 година македонскиот  народ  како  и  сите  Македонци  кои  живеат во светот се гордееја што го носат вековното име. Доказ дека се вреден, трудољубив и способен народ, кој умее да твори и да создава, претставуваше и доделувањето на едно високо одликување, кое го доби наш човек, господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, сопственик на компанијата „Микрофлек“ во САД.

Почесниот медал „Елис Aјлaнд“ (The Ellis Island Medals of Honor), е највисоко признание на Националната коалиција на организации во Соединетите Американски Држави, кое им се доделува на Американци од различно потекло, како заслуга на нивната етничка група за придонес и учество во американското општество.

Десетчлена делегација на Македонци иселеници во светот, специјално заминаа за Њујорк за да присуствуваат на доделувањето на наградата на господинот Атанасоски. По тој повод дописникот на списанието „Македонско сонце“ Гоце Дуртаноски, присуствувајќи на оваа манифестација, директно известувајќи за настанот за „Македонско радио“ (ноќна програма), соопшти:

Денес, сабота на полноќ, по европско време, на свечена церемонија пред околу 2.000 гости од јавниот и од политичкиот живот на Америка, како и поранешните добитници на ова признание, почесниот медал „Елис Ајланд“ на господинот Атанасоски му го предаде извршниот директор на Националната коалиција на организации. 

При врачувањето на медалот, беше истакнато значењето на признанието, кое ги збогатува плурализмот и демократијата во САД, чии добитници покрај својот идентитет, стануваат и интегрален дел од американскиот живот.

3.0.3

Признанието кое го доби господинот Атанасоски претставува уште еден доказ дека Македонците каде и да се наоѓаат во светот, успеваат на високо ниво да се интегрираат во тамошните општества. Воедно, тоа ќе претставува и инспирација и поттик за поголема ангажираност и дејствување на секое поле на македонската заедница во светот.

Престижното признание „Елис Ајланд“ е востановено во 1986 година на 200- годишнината од независноста на САД и 100-годишнината од изградбата на Статуата на слободата. По ранг ова е второ највисоко цивилно одликување во Соединетите Американски Држави. Овој почесен медал досега го имаат добиено поранешните американски претседатели Ричард Никсон, Џералд Форд, Џими Картер, Џорџ Буш, Бил Клинтон, поранешниот државен секретар на САД Медлин Олбрајт, конгресменот д-р Хенри Кисинџер, сенаторката Хилари Клинтон, нобеловецот Ели Вазал, светски познатиот глас Френк Синатра, артистите Кирк Даглас, Ентони Квин, поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани, индустријалци, талентирани уметници, спортисти...

Непосредно по добивањето на медалот, господинот Атанасоски ја објаснил важноста и големината на признанието, кое тој лично го добил од страна на американската држава што воедно претставува и признание на сите Македонци во светот.

Од 14 мај (косар) 2005 година и името на господинот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски бeше изгравирано и претставено во Американскиот претставниците и американскиот Сенат со неколку резолуции ја поддржуваат  Националната коалиција на организации, односно The Ellis Island Medals of Honor. Со ваквото признание оваа Национална коалиција ја одржува својата работа за доброто на светот, како главна инспирација на американските етнички групи, раси и религии.

Продолжува

 99999 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.