Среда, 04 Март 2020   
Доверлив извештај на ЦИА од 1953 година – постојат Македонци и македонско малцинство во Грција

17

Од доверливиот таен извештај на ЦИА од 1953 година дознаваме дека грчките политички кругови ја побарале поддршката на САД со цел да се олеснат преговорите со југословенското раководство. Крајната цел била да се протераат 50.000 Македонци од територијата на северна Грција и да се префрлат во Југославија.

18

Според извештајот, овие Македонците во текот на Грчката граѓанска војна ја помагале и поддржувале Грчката комунистичка партија и можеле да претставуваат сериозен проблем во случај на нова војна.

Исто така, дознаваме дека грчката влада не сакала да води директни преговори со југословенските кругови бидејќи со тоа на Југославија ќе и` се дало оправдување повторно да го постави прашањето за малцинските права на Македонците во Грција.

Според извештајот, грчките кругови сметале дека отстранувањето на споменатите 50.000 Македонци ќе помогне во решавањето на малцинскиот проблем и ќе ги олесни грчко-југословенските односи бидејќи во минатото слободна Македонија, која била поддржувана од страна на Југославија, била главната пречка за добри односи помеѓу двете држави.

19

Дел од извештајот на ЦИА кои се однесува за Македонците во Грција

Во извештајот, исто така, се вели дека проблемот е комплициран бидејќи грчките Македонци во поглед на националност и иделогијата не се хомогена група. Од друга страна, се посочува дека југослоевенските водачи и понатаму се надеваат на присоединување на  овој дел на Македонија кон Југославија.  

Извештајот е директна потврда за постоењето на македонското малцинство во рамките на грчката држава.

Далибор Станковиќ

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.