Среда, 15 Ноември 2023   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Позицијата на тајниот затвор на СДБ“ (5)

                                  1DOOM 1

Драган Богдановски како раководител на ДООМ бил киднапиран во Париз на 4 јуни 1977 година. Припадниците на СДБ, кои го извршија киднапирањето, со дипломатско возило го пренеле во Љубљана, а подоцна со авион на ЈНА во Скопје. Потоа со врзани очи бил однесен во тајниот затвор на СДБ во близина на Македонски брод, каде под истрага бил 18 месеци. За местоположбата на тајниот полициски објект ќе дознаа од затворениците во Идризово, откако бил донесен во затворот, по донесената пресуда со која бил осуден на 13 години затвор. Во својот дневник тој го опишува местото каде поминал 18 месеци и каде бик испрашуван од луѓето на СДБ. За овој перод поминат во овој  полициски објект тој вели:

„.. Во Идризово имаше еден милиционер кој заради провални кражби беше осуден на 12 години затвор. Беше од Берово и името му беше Ѓорѓи. Тој прв ми го откри местото на затворот... Тој се чудеше што јас сум излегол жив од тој затвор, зашто тој затвор бил наменет само затвореници кои биле внапред осудени од самата СДБ на смрт со стрелање после сослушувањето. Таму обично биле затворани само шпиони од источните земји. Затворот се наоѓал по самиот врв “Солунска Глава на планината Караџица, токму на местото кај се разграничува синорот на општината Скопје и општината Македонски Брод. Најблизок град до местото на затворот е Македонски Брод, оддалечен едно 20 километри… Уште од 50-тите години целиот планински и шумски, непреодлив масив на планината Караџица бил прогласен за воена зона, строго забрането за цивили. Од сите страни бил заграден со висока телена бодликава мрежа. Сите пристапи кон зоната биле чувани од воена стража.. Бидејќи пристапот на цивилните лица во зона со густа шума е невозможен, дивечот се намножил многу, вриеше од диви свињи, дивокози, срни, мечки и волци. Дивечот можеа да го ловат само офицерите на југословенската армија и високите удбашки началници. За нив забранетата зона претставуваше богат рај за лов. Од асфалтираниот пат што води од Скопје за Македонски Брод по реката Треска за да дојде до местото на затворот се дели наугорен тесен и нерамен планински пат, по кој само по сувите летни времиња може да се искачи џип. Штом падне снег или обилен дожд планинскиот пат станува непрооден за моторни возила, тогаш единствената врска меѓу затворот и Скопје е со воен или милиционерски хеликоптер.

Податоци за местоположбата на удбашкиот таен затвор ми даде и еден затвореник од селото Пуста Брезница кој како мајстор ѕидар работел на ѕидањето на едната од трите куќи кои го сочинуваа ова удбашко дувло во воената зона на планината Караџица. Освен куќата во чиј подрум или визба беше сместен затворот, имаше уште две згради. Во другите две згради стануваа милиционерите кои беа доведени на планината да ме чуваат. Другите две згради се еднокатни и однадвор личат на некои големи (долги) бараки. Посебно од споменатите три згради постои и една настрешница во која е сместен генераторот кој дава електрична струја на нафта за комплексот од трите згради. На двеста метра од зградите се наоѓа природен планински извор од кој во зградите е спроведена текушта вода.

... Според кажувањата на бившиот милиционер Ѓорѓи и на ѕидарот од селото Пуста Брезница патот од Скопје до тајниот затвор на Караџица со џип може да се измине за час и половина. Меѓутоа, кога удбашите ме возеа мене возењето траеше најмалку три часа. Бидејќи при секое возење ми ги врзуваа очите со крпа, заклучувам дека удбашите ме возеле најмалку два часа повеќе по патиштата на Македонија отколку тоа што било нужно само и само де ме доведат во заблуда за локацијата на местото во кое се наоѓа нивниот таен затвор. Тоа го правеа и кога ме носеа со хеликоптер, возењето тогаш траеше можеби најмалку еден час, иако за таа дистанца во прав лет не треба повеќе од дваесет минути на летање.

Осумнаесет цели месеци додека бев во бункерскиот затвор на Караџица Планина си го поставував прашањето зошто Службата за државна безбедност на Југославија и придава толку големо значење на мојата политичка личност, зошто ме третира како непријател број 1 на државата и режимот, зошто троши толку пари за моето обезбедување, само колку пари ја кошташе службата за моето киднапирање и донесување од Франција, колку ја коштаат државната каса на Југославија дваесет милиционери кои ме обезбедуваат во затворот на планината, и кои според нивното кажување, зашто после некој месец тие започнаа да зборуваат со мене и ми се фалеа дека благодарение на мене нивната плата се зголемила осетно, тие добивале додаток за одвоен живот од семејствата, па со парите што ги добиле за оние 18 месеци си купиле автомобил, стан или нешто друго, што со нормалната милиционерска плата не можеле да го купат.

Од моите иследници дознав дека се обиделе од Скандинавија да ме грабнат и да ме донесат на брод, бродот со цела посада чекал три месеци по дански и шведски пристаништа, планирано било да ме фатат да дрогираат и како пијан југословенски морнар да ме одвлечат на југословенскиот брод. Но таа акција им пропаднала, зашто можеле да ми ја најдат трагата во Шведска и Данска односно немало прилика за моето киднапирање. Три месеци еден брод да седи безработен со цела посада и да плаќа бродарина на данските и шведските пристаништа кошта огромна сума пари во долари.

Кога бев на издржување на казната во Идризово видов еден филм на телевизијата кој го прикажуваше фаќањето и чувањето во затворот на УДБА на водачот на српското четничко движење генерал Дража Михајловиќ. Во келијата на Дража Михајловиќ два милиционери деноноќно до креветот чуваа стража. Во мојата келија деноноќно имаше три стражари. Дража Михајловиќ во воено време предводник на едно вооружено антикумунистичко движење, тој беше главатарот на српскиот национализам, а јас бев само македонски емигрант, кој ја имаше смелоста да каже дека македонскиот народ не е слободен, како тоа што го лажат домашните македонски комунисти србомани, дека пак е поробен и дека не се откажал од својата борба за национално ослободување и обединување.

Зарем можеа полицајците и политичките раководители на Југославија да бидат толку глупави, па мојата скромна политичка личност да ја срамнат со личноста на еден Дража Михајловиќ, да ме третираат како идеолог на македонскиот национализам и како разбивач на државното единство на Југославија? Секако на мојата личност тие давале преголемо значење. Јас пак од своја страна по природа сум мошне скромен, никогаш не сум имал убедување за себе дека претставувам некаква величина, па сега во новата ситуација си поставував самиот прашење да не сум се сам себе потценил, од скромност да не сум ја видел мојата величина која што непријателот ја видел подобро од мене. Иако беше погубен за мене начинот на кој непријателот и оддаваше признавање на мојата личност, сфатив дека со мојата борба и со моето мачеништво сум влегол во историјата на ослободителната борба на Македонија. Тоа нешто ми го признаваше и самиот непријател. Бев горд со себеси и таа гордост ми даваше морални сили да издржам и да и да им пркосам, простумничам на непријателот.

На вториот ден од моето взанденување во тајниот бункерски затвор на Караџица, веднаш после појадокот милиционерите што беа кај мене на стража ми рекоа да се облечам зашто ќе ме воделе “горе“ на сослушување кај инспекторите. Го облеков палтото и тргнав за “горе“. Патот до тоа “горе“ беше можеби 15 метри до скалите и скалите што водат до првиот кат на вилата. Се најдов во една голема соба, богато наместена со луксузен намештај. Покрај ѕидот и пред телевизискиот апарат кој беше наместен во средината на собата, се наоѓаше софа или тросед од мека бокс-кожа и две фотелји. По должината на источната страна на ѕидот се наоѓаше долга маса од масивно дабово дрво. Околу наоколу масата беа наредени десетина исто такви од дабов материјал направени столици. Подот од собата го покриваше убав ориенталски тепих, а ѕидовите на собата накитени со ловџиски трофеи: препарирани глави на диви свињи, од мечки, од срни и елени, од дивокози и од цели препарирани птици. Од источната и од западната страна на собата имаше по два широки прозорци, од кои кога не беа со пердиња, се гледаше прелестната убавина на македонската планина: густа букова гора, на места тревнасти рудини и високи планински ридишта со остри карпи. На источната страна низ прозорецот се гледаше вториот или третиот по големина врв во Вардарска Македонија, врвот Солунска Глава кој гордо се издигаше кон небото и неговите стрмни падини беа покриени со снег иако бевме кон средината на месецот јуни. Своето име овој врв го добил од народот зашто при јасни денови од врвот можел да се види градот Солун на Егејското Море. Во директна хоризонтална линија куќата-затвор беше оддалечена едно два до три километри од самиот врв Солунска Глава. Барем мене така ми се чинеше.

Подоцна научив дека на катот куќата има две соби за спиење, готвална и клозет со бања. За времетраењето на мојата истрага началниците на УДБА кои беа мои иследници спиеја во двете соби. И тие како и милиционерите, одеа по ред во Скопје кон своите семејства секој втор викенд.“

1Tihomir Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни ...

Историја

News image

Христијанската црква во Македонија до појавата на светите Кирил и Методиј

Христијанството во Македонија почнало да се проповеда уште во апостолско време. По своето обраќање в...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ЏОРЏ (ГЕОРГИ) ТОМОВ (34)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

За празниците во Велес

Од книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007. За праз...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.