Среда, 13 Август 2025   
СДС–Три децении порази и манипулации!

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Доколку се навратиме на македонски парламентарни избори од 1990 до денес ќе видиме јасна и непобитна слика: СДС само еднаш во изминатите три и пол децении бил легален победник на избори во 2002 година. Сè останато се или порази, или победи изнудени со постизборни комбинации, политички пазари и притисоци.

Во 1990 година беа одржани првите парламентарни избори во Република Македонија (тогаш СР Македонија) по воведувањето на политичкиот плурализам.

Во првиот круг на парламентарните избори одржани според мнозинскиот систем на 11 ноември 1990 година најмногу гласови освои дотогаш владеечката партија СКМ-ПДП (подоцна СДС), а во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО ДПМНЕ, која доби најмногу мандати–38. Тогаш СДСМ освои 31 мандат.

Иако ВМРО ДПМНЕ победи на овие избори, поради распоредот на силите во Собранието, настанаа сериозни проблеми за формирање на влада. На крај се пристапи кон формирање на техничка влада и мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание и стана прв премиер на македонската влада.

Уверени дека ВМРО ДПМНЕ може да состави своја влада а Љупчо Герогиевски да стане премиер, експертската влада во август 1992 година си поднесе оставка.

Но, наместо ВМРО-ДПМНЕ, СКМ–ПДП (СДС), кој умешно со интриги ја водеше играта, формира своја влада.

Македонски парламентарни избори – 1994

Парламентарните избори во 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Истовремено, на 16 и 30 октомври 1994 година за првапат се одржаа и непосредни претседателски избори. Победа издвојува Сојузот на Македонија предводена од СДС, откако опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ го бојкотираа вториот круг на гласање.

Иако анализите покажуваа дека во вториот круг на гласање ќе имаат повеќе гласови, веднаш по првиот круг, поради основани сомевања во регуларноста при првичното гласањето, како и можноста од сериозни нарушувања на изборниот процес во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија решија да апстинираат.

СДС повторно успеа со интриги да го исфрли ВМРО-ДПМНЕ од парламентарната трка, по што без конкуренција победи и владееше апсулитистички четири години.

Периодот од 1994 до 1998 година ќе остане запаметен како темен период кога целосно згасна македонската демократска пролет и започна долгата пролет на тоталитарна власт. Тоа е време без дијалог, тоталитарен режим на СДС, кога тој ќе ги постави основите за ескалација на меѓуетничките односи во земјата.

Македонски парламентарни избори (1998)

Тоталитарниот режим кој го воспостави раковоството на СДС, народот ќе го казни на парламентарните избори во 1998 година. На изборите кои се одржаа на 18 октомври и 1 ноември 1998 година според мешовит изборен систем, победи ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира влада со Демократската алтернатива и Демократската партија на Албанците.

Меѓутоа, неместо прогрес и земјата да се развива како граѓанска демократија, во 2001 година земјата беше втурната во етнички конфликт, кој СДС со разни интриги, закани и уцени, го искористи да влезе во власта, во таканаречената широка коалиција.

Како резултат на политичките игри на СДС добивме спорен Рамковен договор, со кој се промовира и легализира кеиминалот и насилството како начин на постигнување на политички цели.

Македонски парламентарни избори (2002)

Разочарани од капитуланскиот однос на владата на Љупчо Георгиевски, како и од ветувањата на СДС дека по 15 септември ќе има вработен по еден од секое семејство, народот го казни ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2002 година.

СДС за првпат и веројатно последен пат победи чисто на едни парламентарни избори, кои се изведоа по пропорционален изборен систем

Сепак, победата на СДС скапо ќе го чини македонскиот народ. За време на нивното четиригодишно владеење во коалиција со Демократската унија за интеграција, формирана од страна на ОНА, која претходната година го предизвика конфликтот, беше извршена промена на Уставот и новата територијална организација на локалната самоуправа, што за многумина граѓани на Македонија не беа прифатливи. Стружани тогаш најдобро ја почуствуваа репресијата на актуелната власт кога се спротивставија на албанизацијата на градот. Тогаш народот сфати кон каде ги води полтиката на СДС.

Македонски парламентарни избори (2006)

На парламентарните избори кои се одржаа на 5 јули 2006 година, народот го казни СДС. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која потоа формира влада.

Всушност, изборите во 1998 и 2006 година беа најрегуларни избори од воведувањето на повеќепартискиот плурализам во 1990 година.

Под раководство на тогашниот лидер Никола Груевски, ВМРО започна да реди успеси. Но, овие успеси му сметаа на опозициската СДС кој правеше се за да ја сруши владата на Никола Груевски или да стане дел од власта. Ваквото однесување на опозицијата, како и неуспешниот Самит на НАТО во Букурешт (3 април 2008), кога Македонија не беше примена во алијансата, нарачаните „бомби“ ќе биде причина да се оди на предвремени парламентарни избори.

Македонски парламентарни избори (2008)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДС и ЛДП свесни за рејтингот гласале против.

Народот свесен дека неуспехот во Букурешт е поради ветото на Грција, повторно масовно му ја даде довербата на колацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тоа му даде полет на владата на Никола Груевски да продолжи со успешното менаџирање во време кога светот влегуваше во економска криза.

Македонски парламентарни избори (2011)

Постојаните опструкции и барање на опозицијата за нови избори ќе го натераат ВМРО ДПМНЕ да излезе на втори по ред предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2011 година. На овие избори за првпат македонските државјани во странство избираа свои пратеници, откако оваа можност беше воведена со измените на Изборниот законик во 2008 година. И на овие избори победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Новата коалициона влада која ја предводеше Никола Груевски продолжи да реди успеси во справувањето со економската криза која го тресеше светот, потоа со невработеноста и т.н.

Македонски парламентарни избори (2014)

Свесни дека немаат доволен рејтинг, СДС ќе ги испровоцира настаните од 24 декември 2012 година во Собранието на Македонија, по кои континуирано ќе инсистираа на нови избори. Тоа ќе доведе до нови трети по ред предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 27 април 2014 година.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата барајќи причина за својот пораз, ги прогласи изборите за нерегуларни и по 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година повторно се врати во Собранието. За тоа време владата на ВМРО ДПМНЕ продолжи успешно да ја води земјата.

Македонски парламентарни избори (2016)

Предвремените парламентарни избори се одржаа на 11 декември 2016 година. ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 449.021 – Гласови или 37.98%.

СДСМ и нивната коалиција освоија 434.032 – Гласови или 36.72%.

Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДС и ДУИ формираат влада.

 

2020 година – Во услови на пандемија и ниска излезност, СДС со коалицијата „Можеме“ освојува тесно мнозинство во мандати, но не и во вкупен број на гласови. И овојпат, власта заедно со ДУИ ја одржуваа преку пазарење со помали партии.

Парламентарни избори 8 мај 2024 година:

 

Изборите се одржаа на 8 мај 2024 година за сите 120 места во Собранието. Излезноста изнесуваше околу 55,4 % 

 

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од Христијан Мицкоски (VMRO-DPMNE) освои 58 мандати, добивајќи околу 44,6 % од гласовите 

 

Коалицијата на СДСМ, „За европска иднина“, доживеа значаен пад и освои само 18 мандати со околу 15,8 % поддршка

 

На 23 јуни 2024 година, Собранието одобри нова влада под раководство на Мицкоски, со коалиција меѓу VMRO-DPMNE, VLEN/VREDI и ZNAM. Владата доби 77 гласа „за“ и 22 „против“ 

 

Претседателското место, одржано истовремено со парламентот, беше освоено од Гордана Силјановска-Давкова, првата жена претседателка на државата, поддржана од VMRO-DPMNE, со речиси 65 % од гласовите

 

Кога денес СДС зборува за демократија, избори и легитимитет, треба да се сетиме на една едноставна историска вистина: македонскиот народ им дал вистинска победа само еднаш, сите други нивни владеења се добиени со манипулации и со поддршка на надворешниот фактор, а не на гласачкото место.

 

СДС никогаш ништо корисно им нема понудено на граѓаните, ниту визија, ниту проекти, ниту доверба, туку само празни ветувања кои потоа не ги исполнува, а таквата измама во цивилизираниот свет се смета за недозволива и недемократска практика.

Вистинската катастрофа за СДС ќе биде на следниве локални избори во Октомври оваа година.

 

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.