|
|
| ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ТРН ВО ОКОТО НА СОСЕДИТЕ И ГЛАС ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИГНОРИРА |
|
Александар Македонски Џеповски Во време кога Македонија со години се движеше по пат на отстапки, компромиси и тивки порази, се појави политичар кој очигледно не игра по веќе напишаното сценарио.
Христијан Мицкоски денес е повеќе од обичен Премиер или партиски лидер, тој стана симбол на отпорот кон предавничките политики на Зоран Заев и Венко Филипче, што долго време ја ставаа државата во подредена позиција. Политиката што ја води Мицкоски не е политика на повлекување, туку на директно соочување со наративите што со години се наметнуваа однадвор. Мицкоски знае да ги „прочита“ своите соговорници – не дипломатски украсено, туку суштински. Во неговите настапи нема премногу калкулации, туку јасна порака: Македонија не е тема за преговарање кога станува збор за идентитетот, историјата и достоинството. Токму тоа е она што ги прави неговите одговори непријатни за оние што се навикнати на поинаква реторика од Македонија. Додека дел од европските кругови се обидуваат да најдат баланс меѓу интересите, впечатокот е дека и самата Европска Унија понекогаш се наоѓа во ситуација да нема јасен одговор на новата динамика. Жалбите што доаѓаат од соседите повеќе не наидуваат на автоматско разбирање, туку отвораат прашања кои долго време биле игнорирани. Христијан Мицкоски не е лидер кој ја мери секоја реченица според туѓи очекувања–напротив, неговиот политички стил ја менува играта. Тој не настапува со дефанзива, туку со самоувереност што ретко се гледала во поновата македонска политика. И тука доаѓа суштината што најмногу боли кај критичарите. Мицкоски не само што одговара–тој возвраќа. Ги чита како отворена книга и испорачува пораки по кои не следи вистински контра-аргумент, туку само нервоза и жалби по европските адреси. Во таа игра, улогите се менуваат: наместо Македонија да се правда, сега другите се тие што објаснуваат. Тврдењата дека се‘ може да се купи или поколеба звучат сè повеќе како празна реторика. Сите пари на Ротшилд и Рокфелер да му се понудат на Мицкоски, нема да шанса ни 1 секунда да ја продаде Македонија или пак самиот да помисли на тоа ѓаволско искушение. Мицкоски не е како Заев и Филипче срамови божји и алчни за пари, Тој е Македонски плод што треба да ги лечи сите Македонски рани од време на владеењето на СДС. Љубовта кон својата земја и заедничката татковина не се купува со пари, злато, дијаманти или криптовалути. Чистото лице и мирната совест денес се реткост–но кога постојат, тие стануваат сила што носи почит, одговорност и обврска кон семејството, народот и државата. Тоа се вредности што не се трошат, туку се пренесуваат и се врежуваат во идните генерации. Затоа, едно е неспорно: појавата на лидер кој одбива да игра по старите правила секогаш предизвикува потреси. А понекогаш, токму тие потреси се првиот знак дека нешто конечно почнува да се менува.
ОД МЕНЕ ЛИЧНО И ОД СИТЕ ЧЕСНИ МАКЕДОНЦИ БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ, СЕ РАЗБИРА И ОД БОГА, САМО НАПРЕД ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ПРОДОЛЖИ ТАКА ДА СЕ БОРИШ И ДА ЈА ЧУВАШ НАША МАКЕДОНИЈА. АМИН !!! |




















