|
||||
| Учеството на македонците во шпанската граѓанска војна |
|
Васко Гичевски
Шпанската граѓанска војна од 1938 година служеше како еден вид на предвестие на големата бура што подоцна се случи а тоа е Втората Светска Војна која повеќепати ќе ја надмине својата предходничка и во бројот на жртвите и во силината и мокноста на оружјето над обичниот човек. Граѓанската војна во Шпанија се водеше помеѓу силите на геералот Франциско Франко и Империјалната војска која што беше крајно фашистички ориентирана и најголемата поддршка за својата активност ја добиваше од Мусолини и Хитлер додека од другата страна се бореа бунтовниците, борците за демократија и слобода меѓу кои и Џорџ Орвел и Ернест Хемингвеј кои биле дел од таканаречените Интернационални Бригади во кои свое место и учество зеле и македонските слободољубиви борци. Воедно во овие редови се најде и маршалот на СФРЈ Јосип Броз Тито. Во воените дејствија во Шпанија учествувале 137 македонци од трите дела на Македонија но исто така бил евидентен бројот на борци и од македонската дијаспора кои што се вклучиле во борбите за демократска Шпанија. Македонските учесници во Шпанската Граѓанска војна се: Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Димитар Тодоров, Петар Калев, Борис Атков, Трифун Бузев, Тане Наумов, Тодор Димитров, Илија Јотов, Панајот Јотов, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Желеско Рачев, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други. Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунето, Мадрид и на други места. На воените боишта животите ги положија 65 Македонци. Македонските борци во шпанската историографијаа го заземаат местото до најголемите шпански херои, прочуени по својата храброст и бестрашност секогаш застанувајќи на вистинската страна од терезијата на правдата. Дел од македонските шпански борци ќе се најдат и во првите редови на македонската борба против антифашизмот за време на Вторта Светска Војна како што е случајот со Алексо Дамниевски Бауман искусен борец и одличен командант кој во 1945 година ќе го води 15 македонски корпус во последните воени операции против фашистите за конечното ослободување на Југославија. Искуството добиено во Граѓанската Војна во Шпанија ќе стане и основа за подоцнежниот развиток на македонската војска и воедно општо на југословенската војска бидејќи во повоена Југославија и во Македонија постоеше недостиг на војнички кадар способен да ги воспитува и образува идните генерации на војници, команданти и офицери на македонската и на југословенската војска, за која можеме да кажеме дека беше и најсилна на Балканот но и една од најсилните воени машинерии во Европа веднаш зад воената машинерија на СССР. |





















