Недела, 21 Јуни 2015    PDF Печати Е-пошта
ГРУЕВСКИ СО ПОСЕБНА ПОЧИТ КОН ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

ГРУЕВСКИ СО ПОСЕБНА ПОЧИТ КОН ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за успешна и просперитетна Македонија е започната во 90-те години, од храбри луѓе кои го продолжија историското ВМРО и идејата за самостојна, суверена и независна Република Македонија

Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ им го честита роденденот на сите членови на партијата.

gruevski rodenden infomaks

Посебна , благодарност, Груевски искажа кон основачите на партијата, при тоа осврнувајќи се кон корените и историската определба на партијата ВМРО-ДПМНЕ- идеолошки наследник на ВМРО, за што Претседателот Груевски истакна

,,Идејата за успешна и просперитетна Македонија е започната во 90-те години, започната од храбри луѓе кои застанаа зад тоа во што веруваа и спротивно на сите притисоци,игри, местенки, фабрикувања, тие храбро започнаа еден процес на развивање и ширење на идејата на историското ВМРО. Носени од идејата за самостојна, суверена и независна Република Македонија. Тоа беа времиња, во кои на најнедемократски начин, се воделе досиеја за партијата, се следеле сите движења,и комуникации во жолтата зграда, која беше на ова место , се изживувале со судбините на луѓето кои делуваа во партијата.Времиња на досиета ,,Темел“ , Сина Птица“,. Време кога се измислуваа афери како ,,летоците на бугарски јазик“, или шпекулации од типот дека двајца со бради и беретки биле видени на местото на атентатот на Глигоров. Времиња во кои за да се биде вмровец, беше како да се вкалапиш во некој стереотип кој го креираа тогашните служби на партијата која сега е во опозиција и која води лажна битка за демократија.Времиња невремиња,кога активистите без да помислат на тоа што партијата ќе направи за нив , крстосувале низ држава и ја граделе партијата и темелите на нејзиното делување, но и темелите на идната Република Македонија.

Денес на 25-годишнината на партијата сакам да ги поздравам сите тие луѓе од прв до последен кои го создадоа јадрото на ВМРО-ДПМНЕ, независно на нивната денешна политичка ориентација. Луѓето кои ја формираа партијата и делуваа во рамките на партијата. Почетното заедничко делување на Љубчо Георгиевски-основач и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на Драган Богдановски- најголемиот дисидент во врмето на комунизмот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на Борис Змејковски првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ , Гојко Јаковлески и Мане Јаковлески, Владо Транталовски и Дијана Транталовска, Васил Наумов, Драги Арсов, едни од клучните личности при основањето на партијата, како и повеќе други , се луѓе кои на централно ниво започнаа да ја формираат и реализираат идејата за партијата, на која подоцна и се приклучија стотици и илјадници други храбри луѓе од Македонија.Честитки за нивното делување и почит за она кое тогаш тие го направија.“

INFOMAX

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.