Недела, 06 Септември 2015    PDF Печати Е-пошта
ДОСТОЈНО ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ГРОБОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ ВО КУМАНОВО!

1

Дваесетичетвртата годишнина од Денот на независноста на Македонија, Светскиот Македонски Конгрес и порталот Македонска нација на 8 септември (вторник) во 10.00 часот достојно ќе го одбележат на гробот на Драган Богдановски во Куманово, идеологот и основач на ВМРО- Демократска партија за македонско национално единство, меѓу Македонците во целиот свет и во сите делови на Македонија!

На референдумот одржан на 8 септември 1991, Македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна!

Чествувањето на 8 септември на гробиштата во Куманово, ќе започне во 10.00 часот со панихида за Драган Богдановски и за сите знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит Кумановски со свештеници од Кумановската Епархија. Слово за животот и делото на Драган Богдановски ќе одржи Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, реосновач на електронското издание на списанието Македонска нација за првпат отпечатено во 1971 година и соборец на Драган Богдановски. А, реферат за Денот на независноста на Македонија ќе прочита Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес!

Поканата важи за сите добронамерници и патриоти родољупци! Да се собереме помасовно и достојно да се поклониме пред оние кои се вложија за слободата и државноста на Македонија!

Честит 8 септември - Денот на независноста на Македонија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКА НАЦИЈА

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.