Македонска нација
СО БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ НЕКА Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2016 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.
Еве и Новата Година ни дојде, избега уште една, и успешна и плачлива и добра и лоша година, и тоа од оние поголемите години, кога се случуваат милиони нешта, година од оние што се забележуваат.
Во новата година да си посакаме за нашата Македонија да има среќа. Во Новата 2016 Година да посакаме да се постигне политичко единство, во име на оваа и сите идни генерации, во име на оваа наша Македонија. Македонската историја е преполна со примери за предавства и за крвави братоубиствени пресметки – време е сето тоа да престане. Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, ние сме стоици и чесни луѓе и тоа така треба да биде низ милениумите, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени. Да се промовираат решенија, економска стабилност и уште повеќе инвестиции, што на овие луѓе кои ја сакаат својата земја и сакаат да останат тука во оваа Македонија, да им заблеска насмевката на лицето и задоволството од пристоен живот. Македонците кои се надвор од границите на Македонија да бидат горди, да си дојдат дома кога ќе посакаат и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија. Во македонската јавност да престане да се внесува конфузија што нè закопува во место, додека покрај нас поминуваат балкански возови кон Европа. Во Македонија да продолжат реформите кон Евроинтегрирањето. Европа нема да биде обединета ако земјата на Филип, таткото на Александар Македонски, кои пред неколку илјади години го започнале обединувањето на народите, не биде рамноправен партнер со останатите држави во Европа и во светот.
Да ја прославиме и дочекаме Новата 2016 Година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин. Да ги отвориме срцата и да посакаме Македонија да продолжи со реформите, успесите и подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце. На нашите Македонски војници кои се далеку од нас и го штитат меѓународниот мир заедно со другите војници од многу демократски држави, да им посакаме да ни се вратат здрави и живи во Македонија, да бидат меѓу нас и меѓу нивните семејства, и да им порачаме дека ние сите секојдневно со мислите сме со нив.
Браќа и сестри, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2016 ГОДИНА И ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ! |