Среда, 21 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (3. дел)

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ТЕОРИСКА И ,,НАУЧНА,, ОДБРАНА НА АНТИСЕМИТИЗМОТ

Главни предводници на антиеврејското расположение во Европа во првата половина на XX век се Адолф Хитлер и Бенито Мусолини Тие го прифатија антисемитизмот како основа на нивната идеологија и теорија за расите што ,,теоретски,, ја образложи Адолф Хитлер во неговата злогласна книга ,,Мајн Кампф,, /Мојата борба/, што ја напиша додека беше на робија по неуспешниот обид за  насилно превземање на власта во Германија во 1923 година. Меѓутоа првите  теоретски и ,,научни,, образложувања и оправдувања на антисемитизмот се ппојавуваат во Германија уште во првата половина на XIX век кога во бранови, во текот на 1819, 1830 и 1848 година масовно се манифестира антиеврејско расположение.

Во текот на 1843 година во Германија се појавува ,,научниот,, труд на Бруно Бауер за еврејското прашање, а нешто подоцна и универзитетскиот порофесор Ролинг придонесол за ширењето на антисемитизмот меѓу интелектуалците во Германија.

Водачот на Национал-социјалистичката партија на Германија Адолф Хитлер, а заедно со него и целата германска реакција и крупна буржоазија, опиени со реваншистички  идеи по празот во I Светска војна за главни виновници на сите  германските неприлики ги сметаа Евреите. Занесени од идејата за чиста  "ариевска" раса, превземена од деветнаесеттиот век, како примарно прашсње за своието делување го сметаа дека е "решавањето на еврејскиот проблем". Национал-социјалистите, или скратено н а ц и с т и т е, со Хитлер на чело, за таа цел формираат ,,ударни групи,, (С.А.) кои носеле темни кошули со кукаст крст и ,,специјални одреди,, (ЕсЕс), кои носеле црни кошули со мртвечка глава на ракавот.

По освојувањето на власта на 30 јануари 1933 година, Хитлер комплетно се посветува на остварување на идејата за илјадагодишен рајх!

Само два месеци по доаѓањето на власт на Хитлер, во Германија се донесени првите законо со антиеврејска содржина. Почнувајки од 1 април 1933 година германските Евреи биле приморасни да носат жолта шестокрака ,,Давидова ѕвезда,, и на тој начин да се разликуваат од останатите германски граѓани. Во мај истата година на еден берлински плоштад се запалени купишта книги за кои нацистите тврделе дека се ,,еврејски заразени", а меѓу нив биле и делата на големиот германски поет Хајнрих Хајне.

На 15ти септември 1935 гоодина донесен е таканаречениот ,,расен устав,, на Германија што, меѓу останатото , содржел и два антиеврејски закона:"Закон за правото на државјанство" и "Закон за заштита на германската раса и чест".  Токму овие закони биле уште eден чекор повеке кон најголемата трагедија за Eвреите ширум Европа.

Антиеврејското расположение кулуминира во ноќта помеѓу 8 и 9 ноември 1938 година, позната како ,,Кристална ноќ", кога се убиени и пљачкосани голем број Евреи и запалени многу синагоги, работилници, дуќани и домови.

Таканареченото Еврејско прашање во Германија еволуирало зависно од внатрешните политички прилики во земјата и постанало главна преокупација на нацистичките идеолози кои ја застапувале теоријата дека германската раса е единствената чиста и совршена раса предодредена да владее со останатие народи во Европа. Како што наведува акад. д-р Александар Матковски во неговата книга:"Историја на Евреите во Македонија", еден од водечките идеолози на национал-социјализмот Алфред Розенберг изјавил на 8 фебруари 1939 година дека решение за еврејското прашање е и последниот Евреин да ја напушти територијата на третиот Рајх,,. Истиот тој Розенберг на 28 март 1941 година изјавил дека: ,,Еврејското прашање ке биде надминато ако секој Евреин ја напушти Европа",  а раководителот на расниот оддел на национал-социјалистичката партија на Германија Валтер Грос во текот на 1943 година изјавил дека можен излез од еврејското влијание е само потполно уништување на Евреите.

Решавањето на еврејското прашање,  нацистите им го довериле на своите специјални одреди - по зло познатите ЕсЕс трупи на чие чело бил самиот Хитлер, којшто истовремено бил и водач на Рајхот, и врховен командант на вооружените сили, Вермахтот. Негови најблиски соработници биле Херман Геринг и Хајнрих Химлер кој бил  шеф на ЕсЕс трупите, министер за внатрешни работи, т.е. шеф на полицијата. 

Највисоко тело на специјалните единици бил ,,Врховниот совет на ЕсЕс,, што го сочинувале 12 управи задолжени за спроведување терор над поробените народи и нивно истребување, од кои четвртата управа - Гестапо, дирекно одлучувала за животите или за смртта на милиони луѓе. Гестапо бил поделен на одсеци и реферати. Рефератот IV Б 4, на чие чело се наоѓал Карл Адолф Ајхман бил задолжен за ликвидацијата на Евреите и за германизирање на делови од окупираната Европа. Еден од помошниците на Ајхман, Глобохник, во текот на 1941 година, по донесувањето на одлуката за ликвидацијата на Евреите, организирал во близината на полскиот град Лублин дури 50 работни логори и четири логори за ликвидација /логори на смртта/: Белзец, Мајданек, Солибор и Треблинка каде се убиени и Евреите од Македонија.

Поранешниот генерален конзул на Германија во Скопје Теодор Данекер бил исто така назначен за еден од помошниците на Адолф Ајхман. Завземајки висока функција во Гестапо, како специјален пратеник за еврејски прашања во германската амбасада во Софија, Теодор Данекер без големи напори успеал да ги убеди своите бугарски сојузници по зло да им предадат на нацистите 20.000 Евреи од ,,новоослободените територии,, (Вардарска и дел од Егејска Македонија, Тракија и пиротскиот крај).

Преговорите за предавање на Евреите од страна на фашистичка царборисовска Бугарија на нацистите ги започнал германскиот амбасадор во Софија Адолф Хајнц Бекерле по налог на рефератот  IV B 4 со бугарскиот министер за внатрешни работи Петар Грабовски, а подоцна тие преговори му ги препуштил на Теодор Данекер.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.