Среда, 11 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (6. дел)

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

ПАРАЛЕЛНО СО ЕКОНОМСКИТЕ И ПОЛИТИЧКИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Споменатиот ,,Закон за заштита на државата,, ги донесе првите политички ограничувања на Евреите во Македонија Според тој закон Евреите биле должни почнувајки од 14 јули 1941 година да го пријават своето етничко потекло на полицијата за да бидат воведени во посебни картотеки. 

Евреите од Македонија не можеле да добијат бугарско државјанство и се третирале како државјани на кралството Југославија. Како такви, за престојот на ,,бугарска,, територија морале да поседуваа специјални лични карти и да плаќаат месечен данок од 30 лева. Исто така, на Евреите од Македонија им било забрането да гласаат или да бидат избирани, не моззеле да бидат службеници во државни и приватни организации и установи, не смееле да носат униформи, ниту да служат во бугарската армија, а биле приморани да плаќаат откуп за тоа неслужење. Но тоа не  бил крајот на  политичкиот прогон на македонските Евреи од бугарските окупатори! Македонските Евреи не смееле да имаат фамилијарни презимиња што завршуваат на ОВ, ЕВ, ИЌ, или СКИ, а на новородените деца морале да им даваат имиња исклучиво од списокот на имиња што го составила бугарската окупациона власт, што бил закачен  во Комесаријатот за еврејски прашања. Окупаторкстата полиција можела да забрани влез во јавни локали на лица со еврејско потекло, а Евреите не смееле да живеат во ист стан со лица од бугарско потекло. На евреите просторот за живот им бил ограничен зависно од членовите на семејството.

Со наредба на бугарското Министерството за железници и пошти од 28 јули 1941 година бугарската фашистичка окупациона вкаст им наредила на лицата од еврејско потекло во Македонија до 5 јули истата година да ги предадат своите радио-апарати ,,на чување,,!?

На Евреите, исто така, имбило забрането да стапат во брак, или да живеат вонбрачно со лице кое не е од еврејско потекло, а не можеле ни да се населуваат во доредени квартови во градсовите. 

Врз  основа на ,,Законот за заштита на државата,,, комесарот за еврејски прашања Александар Белев издал наредба на 15 септември 1942 година на сите влезни врати на еврејските куќи да бидат поставени картонски или метални плочки ма кои требало да биде напишано:"Еврејско живеалиште", а на левата страна веднаш до написот да стои шестокраката ,,Давидова ѕвезда,, со димензии 5 х 5 сантимерти. Еврејските дуќани исто така морало да бидат означени со натписи:"Еврејско претпријатие" , или "Јидиш магазин".  

На  20. април 1942 година на погромот на македонските Евреи му е дадена и законска форма. На седмото заседание на бугарското Собрание изгласан е изгласан е закон со којшто се задолжува Министерскиот совет (Владата) да превземе мерки "За средување на еврејското прашање" . Овој закон бил потврден со царски указ на Борис III a бил објавен во  "Државиот вестник" (Службен лист) број 148 од 9ти јуни 1942 година. Министерскиот совет според овој закон бил овластен да ги зајакне мерките против Евреите, како и право да подготвува закони, наредби и други антисемитски акти и да ги менува и дополнува законите и заклучоците на Собранието како што наоѓале за сходно. Овој закон е на самиот врв на антиеврејското законодавство во царска Бугарија, веднаш по ,,Законот за заштита на нацијата,, и со него била запечатена судбината на Евреите во Македонија.

Министерскиот совет/бугарската фашистичка влада на својата седница  одржана на 26ти август 1942 година донесува одлука за формирање на "Комесарство за Еврејскија впрос" (Комесаријат за еврејски прашања) во состав на Министерството за внатрешни работи, а на 3ти септември 1942 година го назначува Александар Белев (кој после војната е осуден на смрт како воен злосторник и егзекутиран), за комесар. Централата на овој комесаријат била во Софија, а а истиот имал свои подружници секаде во царството Бугарија и окупираните територии каде што имало Евреи со задача да ги контролира нив, но и да дава иницијативи за донесување на нови антисдемитски мерки. Овој комесаријат имал тесни врски со  германската амбасада во Софија, а неговата работа морале да ја плаќаат самите Евреи од фондот на Еврејските општини формиран со блокирање на сметките на Евреите во бугарските банки. Ако сметката на Комесаријатот ознесувала од 100.000 до еден милион левови, Фондот морал да покрие пет до 10 одсто од трошоците. Во фондот на Еврејските општини влегувал сиот имот на Еврејските верски општини, хуманитарни и културни друштва, установи и организации. Со други зборови, на овој нацин бугарските фашисти  л е г а л н о го пљачкосувале имотот на Евреите  и во окупираните територии. Со наредба на Комесаријатот за еврејски прашања бр. 14 од 22 септември 1942 година за нивни делегат во Скопје бил именуван Иван Захариев. Поранешните еврејски општини кои служеле за културни и хуманитарни цели во новонастанатата ситуација со делегати  од Комесаријатот за еврејски прашања постануваат центри за уништување на Евреите.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.