|
||||
КРАЈ НА ЕУ И НАТО! |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Европа може да се спаси само со распаѓањето на Европската Унија, а светот може да се спаси само со распаѓањето на НАТО! Брексит е почеток на крајот на Европската Унија, а изборот на Доналд Трамп за американски претседател е почеток на крајот на НАТО! Американскиот унилатерализам и европскиот центризам стануваат трајно минато свршено време! Историјата и вистината повеќе не почнуваат ниту завршуваат во Брисел и Стразбур! Светот се развива мултиполарно! И редно беше! Луѓето и народите бараат крај на Студената Војна, нов руско-американски детант и мир и развој во светот! Таа нивна волја повеќе никој и никогаш, со ништо не може да ја смени. Ни “отворени општества“ на Сорос, ни тајни друштва на масони, ни мултинационални корпорации за чиишто профитни интереси заложник станаа планетата и човештвото во целост! Само осум фамилии поседуваат половина од светското богатство! И симулираат нови и нови војни, за нова прераспределба на природните ресурси и на профитите од експлоатацијата врз нив! Македонскиот народ не гласаше за сувереност и самостојност на Македонија и за распаѓање на поранешна СФР Југославија, заради нејзина замена со Европската Унија, Македонците не гласаа за Брисел место Белград! Македонскиот народ отфрла членство во воен сојуз, Македонците отфрлаат членство во НАТО! Македонскиот народ бара неутралност, одбрана за самоодбрана на својот суверенитет и интергитет, а не војска за војни со НАТО по светот! Македонците преферираат и евро-атлантска и евро-азиска соработка, активен мултилатерализам, соработка со сите, од пријатели никогаш доста, но на принципот на еднаква сувереност! Македонците немаат вечни пријатели, Македонците немаат вечни непријатели, Македонците имаат вечни интереси: Името на државата, Идентитетот на нацијата, богата, самостојна и суверена држава и богати и достојни Македонци дома и во светот! Животот е избор! Кој сака Европска Унија како живот, нека оди таму, додека ја има, ама нејзините “вредности“ тука, НЕ, благодариме! Кој сака шеријат како живот, пат под нозе во Саудиска Арабија, “вредностите“ на вахабизмот тука, Не, благодариме! И покрај се' и после се', НЕ во ЕУ, НЕ во НАТО! За овие цели ќе се бориме и ќе се избориме! Само тие што немаат идеја и програма за својата држава и нација, решенија и пари до вчера чекаа од Белград, сега бараат од ЕУ и НАТО! Доста од врховисти и колаборационисти! На Македонија и’ требаат патриоти и родољуби! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин! |