Вторник, 07 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА "НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК" НА “СВЕТСКАТА ВЛАДА“

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА "НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК" НА “СВЕТСКАТА ВЛАДА“

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

"Нов светски поредок" означува модел на управување со народите и државите во светот од една "Светска Влада".

"Светската влада" не е демократски институт избрана на тајни и општи избори, туку инструмент на корпоративниот глобализам, којшто врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се' до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот империјализам за неколку стотини години уништи стотици етноси јазици религии и култури во светот. Со колонијализмот, расизмот, апартхејдот, нацизмот, фашизмот и комунизмот, со промена на топонимијата, создаде хаос во светската етнологија, географија и историја.

"Светската влада" не избира средства за остварување на своите интереси и цели.

"Светската влада" по потреба проектира и ликвидира нации, држави и општества. Војните во светот го потврдуваат тоа.

"Светската влада" ги опсервира националните системи за безбедност и разузнувачките агенции за контрола на народите и државите во светот. Матица на сите ним им е ЦИА.

"Светската влада" со производството на вируси и вакцини против нив, со симулации на епидемии и пандемии преку фармацевтската индустрија, и со производството на војни преку воената индустрија, врши контрола врз наталитетот во светот.

Се разбира, на "Светската влада" и' се потребни марионетски влади за контрола на народите и државите. За таа цел постојат масонските ложи и фондациите "отворено општество".

Масонските ложи се тајни "одбрани" друштва на богати и авторитарни поединци кои како власт во сенка треба да креираат кадровска политика во институциите на власта на државите, со избор на луѓе сервилни на интересите, насоките и одлуките на "Светската влада". Масонските друштва имаат свој Бог, Врховниот масон, кој е слуга на Сатаната. За нив не постои друга вера, сите вери треба да бидат под нивна контрола, со екуменизмот треба да ги обединат полесно да владеат со светот.

Фондациите "отворено општество" се мрежи на невладини организации со левичарска или неолиберална идеологија кои се мешаат во внатрешните и надворешните работи на народите и државите, како супститут на институциите на власта, со цел формирање марионетски влади сервилни на "Светската влада" преку дестабилизација и контролирана нестабилност. Демократијата и правата и слободите не им се цел, туку перфиден инструмент и демагогија за остварување на интересите на "Светската влада". Со фондациите “отворено општество“ управуваат поединци со големи хонорари.

Фондациите "отворено општество" не се во функција на развојот на демократијата и правата и слободите, туку за уништување на свеста за семејството, нацијата, државата и верата. Најблиску се до комунизмот: свет во кој ќе изумре или треба да се уништи семејството, нацијата, државата и верата. И затоа тие се апатриоти, атеисти, аморалисти, во нивниот свет на вредности не постојат граници меѓу полот и сексот, дозволено е се' меѓу сите, не постојат срамот и гревот кај нив...

И Македонија и Македонците се експеримент во тој глобален свет на корпоративниот глобализам: Дали е можно, држава од Источниот блок во посткомунистичкиот период да функционира на мултиетнички основи. И тој експеримент продолжи до денес...

Миграциите за “Светската влада“ се инструмент за трајна промена на етничката и верската карта на државите и уништување на институтот национална држава. За остварување на таа цел, зборуваат за мултикултурализмот, но сите војни во светот ги почнуваат на етничка и верска основа со етничко и верско чистење, а ги завршуваат со етнички и верски линии на разграничување и "чисти општества".

За жал, “Светската влада“ не е конспирација туку сурова вистина.

Да веруваме дека реформите во ЦИА и ФБИ во САД, ќе го разоружат таканаречениот “нов светски јазик“ со неговата “Светска влада“.

Од новата администрација на Доналд Трамп очекуваме крај на Студената војна, нов американско-руски детант и мир и развој во светот. Од новата администрација на Доналд Трамп очекуваме крај на таканаречениот “нов светски поредок“ со неговата “Светска влада“. Пред се, почитување на меѓународното право, што подразбира еднаква сувереност и немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.