Четврток, 09 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ЗОШТО ЗА 60.000 ГЛАСА, СДСМ СТАНА АЛБАНСКА ПАРТИЈА?

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Настрана криминалот, никој никогаш не побегнал од судот на историјата, народот и правдата. Кога, тогаш... Но, да поентираме со насловот од коментаров...

За 60.000 гласа на Албанци, Зоран Заев го прогласи Социјалдемократскиот сојуз за албанска партија, претходно за непатриотска и за немакедонска партија. Ако за 60.000 гласа на Албанци, Социјалдемократскиот сојуз стана албанска партија, што се останатите 370.000 кои, исто така, гласаа за оваа партија? И, кој и зошто ним им го одзеде идентитетот?

Не дека некој забранува Албанци да членуваат во СДСМ или за оваа и за друга партија да гласат. Едно време и ДУИ формираше ограноци во Источниот дел на Македонија со Македонци, се разбира, за работни места по клуч од коалиционата поделба на власта. И во Јужниот дел на Македонија, Македонци гласаа за кандидатот за претседател на Републиката од ДУИ... Ама, за СДСМ на последните парламентарни избори гласаа најмногу Албанци во најголемите упоришта на терористичката ОНА, каде што во 2001 година прогласуваа "слободни територии од славо-македонските окупатори". Тие сигурно не гласаа за Зоран Заев затоа што им ветил атмосферска и фекална канализација и асфалтирање на улици, туку за федерализација и двојазичност на Македонија.

Ако СДСМ е албанска партија, зошто не ги поканија во составувањето и пишувањето на "албанската платформа"? Зошто Еди Рама не го покани СДСМ на координациите со ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА, во Тирана?

Велат, ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано. Што ако тие 60.000 гласа се дел од "албанската платформа" за "окупација" на СДСМ и одмакедончување на оваа партија за остварување на барањата токму од "албанската платформа"? Впрочем, СДСМ веќе се изјасни дека за нив се' е прифатливо од "албанската платформа", со што ги погазија своите потписи на сите претходни договори за Македонија!

Секако, држи вода и прашањето, кој е поголем предавник: Македонска партија која ја прифаќа "албанската платформа" или "немакедонска партија" која, исто така, ја прифаќа "албанската платформа"? Без разлика, на сите ним заеднички именител им е: предавство!

Како и да е, на крајот сите тие ветувања ќе останат само една голема лага, во страста за власт и сласта за моќ и пари.

Некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време, затоа што народот веќе виде се'!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.