Среда, 22 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
3.000 долари од фондацијата „Браќа Џидрови“за три најбројни македонски семејства

brakja-dzidrovi

На 17 февруари оваа година, Фондацијата „Браќа Џидрови“ која е посветена на трите браќа Димитар, Стево и Харила од село Загоричани, Костурско,кои своите животи ги дадоја за Егејска Македонија и беа жртви во Граѓанската војна во Грција, ја одбележа својата втора година од постоењето. Основач на Фондацијата е нивниот брат, д-р Лефтер Џидров-Манче од Отава, Канада, кој е светски естетски хирург и еден од најистакнатите донатори во македонската дијаспора и вљубеник во Македонија, чиј добротворни дела се познати меѓу Македонците во сите делови на Македонија и во дијаспората.

Фондацијата ја продолжи својата дејност на денот на одржувањето на „Гоце фест“ во Домот на АРМ во Скопје. На тој свечен ден на народниот мелос на Република Македонија беа доделени три илјади канадски долари на семејствата: Трпе и Ѓурѓа Апостолоска од Ново Село, Тетовско, кое има 12 деца, Велче Цветаноски од село Чрешево, Македонски Брод, 9 деца и Тодорче и Лиле Блажовски од Сопиште, Скопско (по потекло од с. Говрлево) 9 деца. Наградите ги предаде членот на Фондацијата „Браќа Џидрови“, Славе Катин, а во присуство и на другите членови на Одборот на Фондација.

Фондацијата „Браќа Џидрови“, е формирана на 4. јануари 2015 година, датум што е запишан со златни букви во аналите на оваа добротворна организација. На тој ден е регистрирана и се поставени темелите на оваа семакедонска организација. Таа е прва од ваков вид во Република Македонија која предизвика голем интерест кај Македонците од етничка Македонија, јавноста во Република Македонија и македонските иселеници во светот.

Основач на Фондацијата „Браќа Џидрови“ е д-р Лефтер Џидров-Манче од Отава, Канада. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во сите делови на Македонија и во дијаспората. Тој припаѓа на генерацијата на напредните интелектуалци од македонско потекло на северно-американскиот континент, каде го поминал најдолго време  од својот живот и работа, а денес како пензионер е на распетие меѓу Канада и Македонија.

Инаку, д-р Лефтер Манче работеше во Отава и Будимпешта, како еден од најдобрите естетски хирурзи во Канада и Унгарија. Во неговата поранешна ординација во Канада, специјализирана за липосукција и естетски зафати на лицето и во поликлиниката во Будимпешта, специјализирана за пресадување коса, каде работеше заедно со неговиот син Тони, доаѓале пациенти од сите страни на светот, вклучувајќи и многу популарни личности од шоу-бизнисот и јавниот живот.

Тој е член е на угледните друштва и институции: The Royal College of Surgeons of Canada; The International Society of Cosmetic Surgery; The American Academy of Facial Plastic & Reconstructive Surgery и член основач на The American Academy of Cosmetic Surgery и на The International Society of Hair Restoration Surgery

Иако е познат светски хирург за естетска и пластична хирургија, д-р Лефтер Манче никогаш не го заборавил своето македонско потекло. Повеќе од две децении тој со својата кореспонденција ја промовира вистината за Македонија. Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, па сè до денес, тој се вклучува во борбата за признавање на Македонија. Пишува писма до Советот за безбедност (1992) и има преписка со бројни и значајни личности на политичката сцена, меѓу кои и со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, кој го уверува дека Македонија ќе го добие кандидатскиот статус на ЕУ. Тој се допишувал со Ван дер Штул, Солана, Робертсон, како и со други владини министри на Унгарија, Канада и Австралија.

Д-р Лефтер Манче е еден од малите великани, кои го поминаа македонскиот дел од пеколот, ги изодеа македонските планини, Европа и светот, но никогаш, каде и да се, не заборавија дека тие им припаѓаат на своите села, градови и на својата родна грутка Македонија. Како Македонец и патриот, д-р Манче често учествувал со помош за добротворни цели на институции и поединци во Македонија.

Значајно е да се одбележи дека д-р Лефтер Манче е автор на голем број научни трудови објавени во светот. Во исто време, тој е автор и на делото „Културно однесување” на автобиографијата „Патот до врвот” и на најновата книга „Мојата борба за македонското име“

Д-р Лефтер Манче е од Егејска Македонија, израснал во Будимпешта, а живее во Отава. Меѓутоа, иако тој го прокрстарел целиот свет, секаде се чувствувал како Македонец. Затоа, со право се вели дека тој е еден од големите познати бранители на уставното името на Република Македонија и на вистината за македонскиот народ и етничка Македонија.

Основачот на Фондацијата „Браќа Џидрови“д-р Лефтер Џидров-Манче е роден на 29 септември 1935 година во селото Загоричани, Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Се родил како петто (од шест) дете во семејството Џидрови. Неговиот татко Методи, заедно со 72 мажи од селото бил затворен од монархофашистите во април 1945 година и осуден на 101 година робија на егејските острови Во текот на граѓанската војна во Грција, неговата мајка Александра (Цана) и тројцата браќа Димитар, Стево и Харила загинале како партизани, а Лефтер го пораснале неговата тетка Јана Манчева (сестра на мајка му) и тетинот Стево, по кои го носи и презимето - Манче. Во чест на своите браќа кои беа убиени во Граѓанската војна во Грција, д-р Лефтер Џидров Манче ја формира Фондацијата.

Инаку, д-р Лефтер Манче ја реализира Фондацијата „Браќа Џидрови“ во чест на неговата мајка Цана (Александара) Џидрова, која беше и мајка на трите загинати сина, а беше и партизанка и учесник во Граѓанската војна во Грција. Тоа минато го надгради синоит Лефтер во чест и почит на своите браќа, со цел Фондацијата да биде вечна и пример за идните генерации.

Се очекува во иднина Фондацијата „Браќа Џидрови“ да биде поттик за другите добродетели, особено во прекуокеанските земји Австралија, Канада и САД како и во Еврипската Унија да го следат патот на д-р Легтер Манче и да помогнат во забрзувањето на културниот развој на Македонците во сите делови на етничка Македонија.

katin
Пишува:СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.