|
||||
| Претставникот на ОН Нимиц до ММДЧП: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име“ |
|
Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, им го изјавил на претставниците на Македонското меѓународно движење за човекови права следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име". Првиот медијатор за спорот за името, Робин О'Нил, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и ја замоли Македонија да ги прекине тие преговари. Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се „неофицијални", ММДЧП го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои што всушност претставуваат, како што рече Робин О'Нил, напад врз најосновните права на Македонија. Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства. ---Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia |





















