|
||||
Владиците од МПЦ го креваат гласот за заштита на уставното име |
Повардарскиот митрополит Агатангел смета дека Македонската православна црква, исто како и Грчката треба активно да се вклучи во протестите во одбрана на уставното име на Македонија.
Во, прилично острата изјава, тој ги оценува како штетни политиките на власта во преговорите со Грција, сметајќи дека крајното решение на спорот ќе значи обезличување на државата и идентитетот на македонскиот народ.
Владиката на МПЦ вели дека решението го Грција негативно ќе се одрзи и врз Македонската православна црква.
Владиката Агатангел и Владиката Петар беа двајцата владици на МПЦ кои јавно не се согласуваа ниту со одлуката на Синодот да побара признавање на авткефалноста на МПЦ од Бугарската Црква. Минатата недела Владиката Наум најави дека МПЦ побарала од Патријархот Нефит и заедничко сослужување.
Денеска пак, Митрополитит Петар реагира на изјавата на Владиката Наум.
Владиката Наум во изјава за бугарската агенција БГНЕС, изјави дека МПЦ очекува следен чекор од Бугарската црква да биде одлука за заедничко сослужување на бугарските и македонските архиереи.
Марјан Николовски. Сител ТВ
|