|
||||
Протест на Македонците во Бон-Германија |
Повик до Македонците во Бон и цела Германија да го кренат својот глас! Протестот ќе се одржи на: 24 февруар 2018 година Во 13.00 часот Heilsbachstr. 24 53123 Bonn-Германија Пред Конзуларното претставништво на Р. Македонија. Никој нема право да одлучува дали ќе има, или нема да има референдум за името! НИЕ, денешниве генерации, не го добивме името Македонија на референдум, за да одлучуваме за негова промена на референдум! Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! Наша света обврска е: Македонија да ја предадеме на идните генерации со истото име што го наследивме, а тоа е името - МАКЕДОНИЈА! Вечно да е името на нашата татковина МАКЕДОНИЈА! Амин! |