Вторник, 06 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Судијата што го турна премиерот во „патриотизам“

alt

Судијата што го турна премиерот во „патриотизам“

Колумна на Горан Момироски

Прашање на ден беше кога нашиот премиер ќе посегне по „патриотизам“, „национализам“ и „иредентизам“, како што неговата денешна изјава ќе ја протолкуваат грчките медиуми, но и дел од медиумите блиски до него, затоа што тој „навистина ја сака Македонија“.

Иако дел од медиумите сè уште молчат за изјавата на премиерот, јасно е дека тој денеска направи целосен пресврт во преговорите за името. Практично, Заев наместо принципот на „пријателство“ воведе нов принцип во преговорите за името – принцип на реципроцитет.

„Јас сум подготвен, како тие водат грижа за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто“, изјави денеска Заев, иако нему му е совршено јасно дека Грција никогаш нема да прифати да биде третирана исто како Македонија.

Изјавата на Заев, случајно или не, дојде само неколку часа откако судијата Дарко Тодоровски одлучи во процесот за поткуп против премиерот да се користат и ПИ-мерките во кои се гледа и слуша како Заев на бизнисмен му кажува дека треба да даде „Едно евро за Вицето“.

За ситуацијата да биде уште покомплицирана се погрижија пратениците на неговата партија, кои што се под негова целосна контрола, а кои што во Собранието одеднаш отидоа контра ДУИ за Законот за јазици и не сакаат да го гласаат како што бара Ахмети, без дебата за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.

Одеднаш, „од нигде никаде“, на Заев му текна дека позицијата за „непостоечките црвени линии“ веќе не важи и сега треба да се наметне реципроцитетот како принцип на однесување. Иако претходно македонското малцинство, воопшто, според сите изјави, не беше дел од пакетот за кој се преговара со Грција.

Во исто време СДСМ собра храброст по месеци кршење на Уставот и на Деловникот, по лажно користење на европско знаменце, по силен притисок на нивната пропагандна машинерија, да му каже „не“ на Ахмети, кој освен Законот за јазиците нема друг резултат со кој може да се пофали пред своите гласачи. Пред своите гласачи уморни од лаги и од чекање.

Судијата Дарко Тодоровски сè уште не е свесен дека со својата одлука да оди контра интересите на еден премиер не направил обичен политичко-правосуден преседан, туку предизвикал лавина од многу поширок спектар. Судијата, всушност, ги турна Заев и неговата партија во канџите на национализмот, од кој толку многу се трудеа да избегаат.

Синтагмата „Национализмот како последно прибежиште на битангите“, која што често пати и Заев и неговите пулени ја употребуваа за претседателот Иванов и за експремиерот Груевски, сега чука на вратата на премиерот.

Разликата е во тоа што последните двајца од почетокот на својата кариера не криеја дека се националисти, а Заев прибежиштето во лажен национализам почна да го бара откако стана јасно дека името е врзано во нов гордиев јазол и оти самиот може да заврши во затвор за корупција, односно за „едно евро за Вицето“.

Да тврдите дека Македонија нема црвени линии за името, да тврдите дека Македонија се согласува со географска одредница и потоа, откако некој судија ќе се охрабри да биде навистина судија, да барате реципроцитет со Грција, не е само чудно, туку и недипломатски.

Со оглед на комплицираната ситуација во која се наоѓа Македонија, кога треба да избира дали ќе влезе во НАТО и во ЕУ и ќе загуби дел од својот национален и државен суверенитет или ќе остане блокирана, на Заев треба да му се даде шанса да се обиде да направи нешто позитивно за земјата.

Ако оваа гарнитура на власт решила во спорот за името да оди докрај, односно до бездната (да прифати промена на идентитетот) за да ја увери меѓународната заедница дека Македонија е конструктивна, тоа е нивно легитимно право, иако цел свет знае дека проблемот не е во нас.

Штетата што веќе ја направи не може да се врати назад, но премиерот во спроведување на стратегијата наречена „brinkmanship“ мора да запре пред провалијата или, пак, ако не сака да запре, да не ја зема со себе целата земја во амбисот.

Проблемот со реципроцитетот кон Грција не е спорен ако беше наметнат од почетокот на новата рунда преговори. Вториот проблем е што не може реципроцитет да важи само за малцинството, а да не важи за уставите, за учебниците, за историјата, за мапите во двете земји, за грчкиот иредентизам и за други слични прашања што се дел од спогодбата која ја пишува Грција.

Наметнување принцип на реципроцитет во оваа фаза од преговорите може да е знак дека тие се веќе завршени, а никој нема мадиња да ни каже дека Македонија треба да се подготвува за нов дипломатски пораз. Особено ако се земат предвид изјавите на Коѕиас и на Павлопулос, кои не оставаат дилема дека Грција нема да прифати македонска нација и јазик.

Не е срамно на народот да му се каже дека обидот да се најде договор со Грција е неуспешен, бидејќи ни Заев ни СДСМ не се виновни за грчките „мегали идеи“ за Македонија. Срамно е ако сега, по „конструктивните и шармантни“ односи со Грција, некои „битанги од љубовна фаза се прешалтаат во националистичка фаза“ во обид да го задржат рејтингот кој се топи како мраз во јули.

Особено, ако пред неколку години изјавиле дека на СДСМ не му прилега патриотизам.

Превземено од:EXPRES.MK

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.