|
||||
Браќа и сестри Македонци, предадени сме или поточно продадени сме! |
Манојил(Мане)Јаковлески Продаваат јазик, име, идентитет, и што уште не! Дојде часот кога секој Македонец треба да застане во првите редови во одбрана на името, идентитетот, јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачуваме слободата и не станеме граѓани од втор ред во својата земја. Да не дозволиме да направат уште еден геноцид врз Македонците. До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не` нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости да и` го валкаат името, идентитетот и јазикот на нашата Македонија. Мили мои Македонци, Македонија отсекогаш патела од предавници и продадени души, но ова веќе ја преминува секоја граница. Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе! Ве уверувам браќа и сестри, ова е веќе финалето за разнебитување на нашата Македонија. Мора сложно да им кажеме: ДОСТА Е! Затоа, кренете глава Македонци гордо високо, бидете храбри, паметни и разумни но во исто време патриотски расположени и сакајтесија Македонија бидеќи друга татковина немаме! |